19 Декември, 2025
0.0915

Македонците ќе можат во ЕУ, но само вакцинираните со Фајзер и АстраЗенека

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2021 13:51

Добивај вести на Viber

Европската комисија денеска издаде препорака на странските државјани кои се целосно имунизирани со вакцини одобрени во ЕУ и оние од земји со поволна епидемиолошка состојба да им биде дозволено да патуваат во земјите на ЕУ без посебни ограничувања. Како што налага ситуацијата, извесно е дека македонските граѓани ќе можат да патуваат само доколку се вакцинирани со Фајзер или АстраЗенека.

Според сегашните регулативи на ЕУ, во една од 27-те земји-членки можат да патуваат само граѓаните од седум земји, но денешниот предлог сигурно ќе го прошири тој список.

За да се ограничи ризикот од ширење на нови мутации на коронавирусот, Европската комисија понуди и нов механизам „итна сопирачка“, со кој ќе се овозможи итна примена на ограничувања за патувања за сите земји каде епидемиолошката состојба нагло ќе се влоши.

"Време е да се ревитализира туристичката индустрија и да се обноват прекуграничните пријателства, но безбедно. Предлагаме да ги примиме вакцинираните посетители и оние од земји со добро здравје", објави на Твитер претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Земјите-членки на ЕУ би требало утре да почнат расправа за овој предлог и потребно е да се постигне целосна согласност за предлогот да биде усвоен и да стане важечки пропис.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот