05 Декември, 2025
0.0295

МАКЕДОНЦИТЕ НАВАЛИЈА НА КРЕДИТИ – станбените и потрошувачките омилени

Објавено во: Финансии 22 Јули, 2025 07:45

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани и компании не се откажуваат од кредитите и продолжува трендот на раст на задолженоста. Најновите податоци на Народната банка на Македонија откриваат дека заедно граѓаните и компаниите на банките им должат 522,463 милиони денари или 8,4 милијарди евра. За споредба во првиот месец од годинава, или во јануари вкупната вредност на кредитите достигнуваше 8 милијарди евра.

Традиционално граѓаните должат повеќе од компаниите и нивниот долг во месец јуни достигнал 262,605 милиони денари или 4,27 милијарди евра. Компаниите должат нешто помалку или 257,315 милиони денари односно 4,1 милијарди евра.

Сепак, забележиво е дека во последните месеци расте кредитирањето на корпоративниот сектор со позабрзано темпо од претходно.

-  Во јуни 2025 година, вкупните кредити се зголемени за 1,6 отсто и 13 проценти на месечно и на годишно ниво. Притоа, месечниот и годишниот раст се резултат на зголемените кредити на двата сектора, при поизразен придонес на кредитите на корпоративниот сектор – укажуваат од Народна банка во нивниот последен извештај.

Понатаму е истакнато дека кредитите на корпоративниот сектор во јуни имаат раст на месечно ниво од 2,1 проценти, но на годишно ниво од 16 проценти.

Притоа, месечната и годишната промена во целост се должат на зголеменото кредитирање во денари, при остварен пад на кредитите во странска валута.

Од НБРСМ укажуваат дека и кредитите на домаќинствата имаат и месечен и годишен раст. На месечна основа задолженоста на домаќинствата пораснала за 1,2 отсто, додека пак на годишна за 10,3 проценти.

Бројките покажуваат дека најголем интерес меѓу нашите сограѓани имаат за потрошувачките и станбените кредити. Овие две категории се најзастапени и имаат месечен раст од 1 процент кај потрошувачките кредити и 1,4 отсто кај станбените кредити.

Од друга страна кај потрошувачките кредити има годишен раст од 9,8 отсто, додека кај станбените кредити дури 15 проценти.

Бројките говорат дека само за потрошувачки кредити граѓаните должат 2,1 милијарди евра. Што се однесува пак за станбените кредити долгот на граѓаните по овој основ достигнува 1,6 милијарди евра.

Автомобилските кредити спротивно на претходните, не се примамливи за населението и кај нив се забележува пад од 0,1 отсто на месечна основа, и 2,8 проценти на годишна основа.

Раст има и кај кредитите одобрени на кредитните картички и негативните салда на тековните сметки кои бележат месечно зголемување од 0,2 проценти и 3,7 отсто. На годишно ниво кредиите на кредитните картички се зголемиле за 7,6 проценти, додека негативните салда за 4,2 отсто.

Кредитите одобрени врз други основи, во јуни, бележат месечен и годишен пад од 1,4 отсто и 8,5 проценти.

П.О. 

Фото: Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“