07 Декември, 2025
0.0291

МАКЕДОНЦИТЕ УЖИВААТ ВО НЕГО: Дали младите прерано почнуваат да пијат кафе?

Објавено во: Македонија 27 Јули, 2023 07:36

Добивај вести на Viber

Македонските граѓани уживаат во кафето. 10,2 килограми кафе и какао во просек пиеле домаќинставата во 2021 година според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Иако многу млади во земјава не можат да си го замислат денот без кафе, не треба да се претерува и не треба консумирањето на oвој напиток да почне на рана возраст. Малолетниците треба да избегнуваат да внесуваат кофеин. Ирина Лазарова, дипломиран нутриционист вели дека иако претходно употребата беше ограничена само на возрасните, сега пијалоците кои содржат кофеин  редовно ги користат децата и адолесцентите.  Иако има многу позитивни ефекти кај возрасните, ефектите од употребата на кофеинот врз однесувањето и психолошкиот развој кај децата засега остануваат непроверени бидејќи нема многу студии на оваа тема.

„Тие студии што ги има покажуваат дека децата и адолесцентите се едни од најбрзо растечките категории на корисници на кофеин, процентуално бројката пораснала за 70 отсто во последните 30 години. Овие студии покажале и дека просечниот дневен внес на кофеин кај децата од 5-18 години бил 38мг во 1982 година, а една студија од поново време докажала дека моментално кај возраста од 12 -17 години во просек внесуваат 69.5мг кофеин дневно. Иако ова вака не делува опасно, важно е да се земе во предвид дека ова е просек, што значи дека некои деца користат и многу повеќе од просечната количина. Ова е таа популација која е во висок ризик, а поради малкуте истражувања на оваа тема не ја знаеме ниту минималната „безбедна” количина на кофеин кој би можел да се користи кај оваа возрасна граница“, вели Лазарова.

Додава дека многу малку студии се направени за да се провери физиолошкиот и психолошкиот ефект на употребата на кофеин кај децата и адолесцентите, сепак иако податоците од истражувањата направени врз возрасна популација велат дека кафето е релативно безбедно, децата не би спаѓале во оваа категорија, бидејќи кофеинот може да има ефекти кај нив кои се поразлични од тие кај возрасните.

„Детството и адолесценцијата е период на развој и последна фаза на развивање на мозокот, па затоа потребен е квалитетен сон и нутритивно богата храна. Кофеинот не само што го нарушува сонот, туку и зголемениот внес на кофеин е поврзан и со лоша исхрана и зголемена тежина. Децата кои редовно консумираат големи количини на кофеин можат да имаат проблеми со несоница, дебелина и кариес, нарушен срцев ритам, склони се кон појава на анксиозност, главоболки, висок притисок, дехидратација, дијареа, тремори, бубрежни проблеми и слично. Лица под 18 години воопшто не би требало да користитат кофеин, а доколку е неизбежно во тие случаи внесот треба да е минимален. Бидејќи кофеинот најчесто помладата популација го користи за да се расони и освежи, подобра опција наместо кофеин се вода со лимон, сончева светлина или краток интензивен тренинг“, објаснува Лазарова.

Има податоци од истражувања направени претходните години кои укажуваат дека 50 до 80 проценти од Македонците пијат најмалку две шолји кафе на ден.  Мнозинството пие кафе во домашни услови, поретко на работа и во кафуле. Ритуалот на пиење кафе, Македонците го поистоветуваат со дружењето.

Во минатото Холанѓаните беа прогласувани за нација која најмногу пие кафе. Потоа Финците беа на врвот, но високо котираа и Норвежаните и Исланѓаните. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/master1305

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна

„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски

„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски