22 Ноември, 2024
0.0292

ПРИВРЕМЕНОТО ГОРИВО НЕ ГИ СМИРУВА СКОПЈАНИ – ПРОТЕСТ ЌЕ ИМА! Граѓаните го чекаат вистинското решение

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Иако утринава скопјани ги дочека првите автобуси наполнети со гориво од државните резерви, студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ остануваат непоколебливи. Денеска, точно во 14 часот, пред Старата Пошта, тие ќе го започнат својот протест против катастрофалната состојба на јавниот превоз, кој со долг период наназад го отежнува нивниот секојдневен живот. Според спроведената анкета од Универзитетското студентско собрание (УСС-УКИМ), ситуацијата е алармантна: 85 отсто од студентите чекаат автобус повеќе од 15 минути, а дури 66,7 отсто над 20 минути.

„Не можеме повеќе да толерираме систем што секојдневно ни го отежнува пристапот до образование. Колоквиумската недела ни е во тек, а долгите чекања и нередовните линии не само што го загрозуваат нашиот студентски стандард, туку и го загубија нашето трпение,“ порачуваат студентите, додавајќи дека 93,6 отсто од анкетираните се незадоволни од квалитетот на превозот, од кои две третини воопшто не го сметаат за прифатлив.

Дополнителен револт внесе синоќешната изјава на градоначалничката Данела Арсовска, која потенцираше дека Градот Скопје нема капацитет бесплатно да ги вози студентите, обвинувајќи го Министерството за образование и наука дека должи средства за субвенционираниот превоз.

Привременото полнење гориво синоќа може да значи дека автобусите ќе бидат видливо присутни денеска, но за студентите тоа не е доволно. „Ние не сакаме само автобуси денеска, сакаме систем кој функционира секој ден,“ порачуваат тие, цврсто решени да го искажат своето незадоволство и да побараат трајни решенија.

View this post on Instagram

A post shared by Студентско собрание на УКИМ (@ussukim)

-Затоа, по добиените бројни интерни поплаки од страна на студентите за време на одржување на колоквиумска недела и предавања при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Скопје и спроведената анкета за евидентната катастрофална положба во која што се наоѓа градскиот превоз (нередовност на линии, неисправност на автобуси, долго чекање на постојки), која секојдневно го нарушува студенскиот стандард,
УСС-УКИМ ве повикува да го искажеме нашето незадоволство поради недостигот на квалитеттен јавен градски превоз на утрешниот протест!
14:00 часот, пред Стара Пошта
14:30 часот, пред Град Скопје
Дополнително, испраќаме силен апел за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од ваша страна и вашиот тим во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници.
Конкретно, барањата се следните:
•Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit;
•Воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје;
•Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница)
•Набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии;
•Надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт;
Скопје и студентите заслужуваат функционален превоз, а не хаос!, наведуваат тие во повикот за протест.

„Привременото решение – само капка во морето на проблемите“

Иако утрово автобусите се вратија на улиците, последиците од вчерашниот хаос и натаму се чувствуваат. Универзитетските професори алармираат дека нередовноста на јавниот превоз доведе до прекин на наставата, одложување на испити и значителни потешкотии за студентите, но и самите професори кои не успеале навреме да стигнат до предавалните.

„Ова не е само транспортен проблем, туку директно влијание врз образованието,“, велат професори од УКИМ.

Но, проблемите не се ограничени само на студентите. Граѓаните кои секојдневно се потпираат на јавниот превоз за да стигнат до своите работни места сведочат за долги пешачења на студеното време. „Пешачев од Карпош до Центар речиси еден час. Автобуси немаше, а ниту такси можеа да се најдат. Ова не е живот“, вели скопјанецот Васко Р.

Иако државната интервенција за обезбедување нафта од резервите донесе мало олеснување, ова решение е далеку од доволно за Скопје да функционира нормално. Експертите предупредуваат дека градскиот превоз со години се соочува со системски пропусти кои бараат долгорочни и стратешки решенија за кои се потребни инвестиции и, ефикасен менаџмент.

БРТ – Долгогодишниот сон или уште еден недовршен проект?

Иако воведувањето на БРТ (Bus Rapid Transit) беше претставено како револуционерно решение за сообраќајните проблеми на Скопје, реалноста покажува дека овој проект сѐ уште е далеку од реализација. Првично најавен како проект што ќе донесе современ и одржлив јавен транспорт, кој ќе овозможи брз и ефикасен превоз низ градот, БРТ требаше да стане симбол на модернизацијата на Скопје и прв ваков систем на Балканот.

Но, студентите и граѓаните сѐ уште го чекаат неговото остварување. Како што посочуваат, БРТ беше ветен како еколошка алтернатива што ќе го намали загадувањето и сообраќајниот метеж, со физички издвоени траси и современи возила што ќе ги заменат старите, нефункционални автобуси. Наместо ова, Скопје денес се соочува со хаос во јавниот транспорт, каде што основните линии се нередовни, а голем дел од возилата се нефункционални.

Прашањето кое се поставува е: до каде е овој проект? Дали неговото започнување е само дел од долгиот список ветувања кои остануваат на хартија? Според најавите, реализацијата на БРТ изнесува околу 70 милиони евра, што е десетпати помалку од сумата потрошена за проектот „Скопје 2014“. Но, и покрај ова, граѓаните немаат конкретни информации за текот на работите, роковите за изградба и кога ќе може реално да го користат овој систем.

Во меѓувреме, студентите, кои се едни од најчестите корисници на јавниот превоз, бараат од институциите конкретни одговори и акција. За нив, БРТ не е само модерна алтернатива, туку потреба која директно го засега нивниот секојдневен живот. Без реализација на вакви проекти, Скопје ризикува да остане заробено во минатото, додека другите градови на Балканот го следат светскиот тренд на модернизација.

Во овој контекст, привременото решение со обезбедување нафта е само капка во морето на проблеми. Скопје, како член на мрежата на зелени градови, мора да покаже лидерство и одговорност за да го трансформира јавниот транспорт, почнувајќи од исполнување на ветувањата како што е БРТ. Во спротивно, надежите за современ, ефикасен и еколошки транспорт ќе останат само уште еден недостижен сон.

Анита Буховски

фото: МИА

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира