22 Ноември, 2024
0.0486

МАКЕДОНЕЦОТ УШТЕ НЕ МОЖЕ ДА СИ ДОЗВОЛИ НОВА КОЛА - лани се увезени близу 32 илјади половни автомобили, нови само 5.307

Објавено во: Економија 14 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Граѓаните од земјава лани се опуштиле и решиле да се подноват со автомобили, но сепак, многу помалку со нови, а многу повеќе со употребувани возила.

Па така, иако податоците на Царинската управа се уште не се финализирани за цела 2021 година, односно презентирани се само бројките заклучно со ноември минатата година, од нив недвосмислено може да се види дека лани во земјава биле увезени многу повеќе користени возила, наспроти пандемиската 2020 година.

Односно, како што се гледа од статистиките на Царината, за 11 месеци од минатата година биле увезени во земјава 31.433 користени убавици на четири тркала, наспроти 23.880 употребувани возила колку што влегле во земјава за вкупно 12 месеци од 2020 година. Тоа значи дека граѓаните од Македонија лани купиле и за над 7.553 автомобили повеќе во однос на претходната година.

Ова е кога станува збор за употребуваните возила, но кога се работи за новите автомобили, кај нив нема некоја голема разлика, иако е евидентно дека ќе има зголемување кога ќе бидат објавени финалните бројки за лани.

Односно, во 2021 година за 11 месеци биле увезени 5.307 нови автомобили, наспроти 5.172 возила за 12 месеци од 2020 година. Тоа покажува дека Македонците не се „затрчале“ за купување нови автомобили во минатата година, како што тоа го направиле за употребуваните.

Ако се гледа по месеци лани за тоа кога најмалку, а кога најмногу се купувале употребувани возила, јануаруи дефинитивно бил најслаб, со увезени 1.660 стари автомобил, а пикот бил во јуни, кога се увезле близу 4.000 употребувани возила, или прецизно 3.974.

Секако, 2019 година која беше предпандемиска, е година во која увозот на половни автомобили изнесувал 38.580 стари коли, што значи дека пандемијата овој тренд го сопрела, но затоа тој се враќа со значајно темпо лани. Или, Македонците се уште тешко можат да си дозволат да си купат нов автомобил.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар