19 Декември, 2025
0.0498

„Македонија Блокира“ го пикира домот на Крсто Мукоски

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2018 09:43

Добивај вести на Viber

Новоформираното движење „Македонија Блокира“ која прерасна од „Македонија Бојкотира“ за денеска го пикира домот на „одметнатиот“ пратеник Крсто Мукоски. Изминатиот викенд ова движење го формираа 80-тина организации, партии и здруженија и, меќу другото, како дел од тактиката да се спречат уставните измени и Преспанскиот договор беше договорено протестирање пред домовите на пратениците.

Од партијата „Единствена Македонија“ најавуваат дека вечерва во 19.00 часот ќе одржат протест пред домот на Муковски во Вевчани.

„Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на  избори „Македонија-Блокира“, денес, среда, 7 ноември 2018 ќе одржи собир пред домот на пратеникот Крсто Муковски во Вевчани во 19:00 ч“, соопштија од таму.

Мукоски е дел од независната пратеничка група која се одметна од ВМРО-ДПМНЕ и беше исклучена од партијата откако гласаше за отворање на уставните измени на 19 октомври со што беше обезбедено минимално двотретинско мнозинство од 80 пратеници.

Од „Македонија Бојкотира“, покрај протести пред пратеничките домови, најави собири пред Собранието на Република Македонија, блокада на патишта и гранични премини и други форми на отпор.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот