„Македонија блокира“ пред домот на Пешевски - го нарекоа предавник
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2018 20:21
Група граѓани се собраа пред домот на поранешниот функционер од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски каде извикуваат „предавник“.
Од „Македонија блокира“ и го повикаа Пешевски да излезе и да го прими нивното писмо.
Протестот е реакција на отвореното писмо на Пешевски во кое повика на помирување и поддршка за уставните измени.
Велат дека народот не поддржува насилничка промена на името.Од „Македонија блокира“ претходно беа и пред домовите на пратениците кои гласаа за уставни измени со цел промена на името.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




