16 Декември, 2025
0.0588

Македонија доби награда на Евровизија за најлошо облечени учесници

Објавено во: Македонија 20 Мај, 2018 17:38

Добивај вести на Viber

Нашите претставници на годинашениот Евросонг којшто се одржа во Лисабон, Португалија, се најдоа во тесен избор за добивање на една награда. Тие сега и официјално се здобија со истата.

И покрај тоа што не се пласираа во финалето со песната „Lost and found’’ и според официјалните резултати се најдоа на претпоследно место на првата полуфинална вечер, сепак Бојан и Марија на нашата земја ѝ го донесоа првото место на БДА, а веднаш зад нас беа музичарите од Австралија и Белгија. Станува збор за наградата Барбара Декс, којашто уште од 1993 година им се доделува на најлошо облечените учесници на Евровизија.

Имено награда го носи името според белгиската претставничка на Евровизија од 1993 година, Барбара Декс, која што тогаш го шокираше светотот со фустанот кој сама го креирала за настапот и воедно е првата која ја доби оваа награда.

Ова не е прв пат нашата земја да се закити со БДА. Во 2005 година, истата титула ја доби и тогашниот претставник на Евровизија, Мартин Вучиќ. И тој, како и Марија годинава, настапи во сако со розева боја.

Инаку, креацијата која ја носеше нашата претставничка е изработена од креаторот Александар Бимбилоски од Охрид, попознат под името на модниот бренд „Румор“.

Александар објавата ја заврши со зборовите дека таквите критики не се вредни за неговото време и дека негативноста убива.



Можеби ќе ве интересира

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар