Македонија е пред чиста и позитивна порака од ЕК, доаѓаат и Хан и Могерини
Објавено во: Македонија 16 Април, 2018 08:12
Република Македонија по неколку условени препораки за почеток на преговорите за членство во ЕУ, овој пат од Европската комисија очекува позитивна и чиста препорака за започнување на овие процеси кои ќе дадат ново струење во евроинтеграциите кои подолг период покажуваа рамна линија.
Секако, самата препорака не значи и дека веднаш ќе ги започнеме преговорите за членство бидејќи таа подоцна ја оценува Советот на Европската Унија каде да потсетиме дека Грција повторно има право на вето со проблем за името кој и натаму не е решен.
Извештајот на ЕК треба да биде познат утре со сите забелешки, коментари и препораки, со целокупна оценка за напредокот на демократските процеси.
Потоа следниот ден на официјална посета на Скопје доаѓаат еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јонанес Хан, како и високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Владата е оптимист и смета дека Извештајот ќе содржи чиста препорака за почеток на преговорите. Тоа го потврдија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Бујар Османи и на отворениот брифинг за новинарите.
– Од она што ние го знаеме и имаме информации и од тоа што го гледаме, заслужуваме кристално чиста препорака за почеток на преговорите со ЕУ, рече Заев.
Османи го темели својот оптимизам на тоа што, според него, Планот 3-6-9 е реализиран над 90 проценти.
Вицепремиерот најави дека реформите ќе продолжат и по оценката за напредокот.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




