Македонија и Грција се залагаат за подобра соработка во областа на туризмот
Објавено во: Економија 28 Ноември, 2012 15:10
На конференцијата организирана во рамки на проектот ЦЕНЕТ од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, присуствуваа и претставници од Стопанската комора на Флорина.
- Сакаме добра меѓународна соработка на економска основа со размена на туристи меѓу двете држави. Во период на криза многу е битна соработката со соседните држави и воспоставувањето добра врска со нив за развој на туризмот особено агротуризмот, истакна претседателот на Комората Сапалидис Савас.
На новинарско прашање дали политиката може да се испречи на вкрстувањето на туристичките патишта на Македонија и Грција, Савас одговори дека Програмата е европска, а политичкиот проблем нема да постои како проблем.
- До сега е докажано дека меѓу двете држави народот нема проблем. Сакаме да го најдеме тоа што не поврзува, а не тоа што што не дели, рече Савас.
Според Мјелма Мехмети Петерсен од Министерството за локална самоуправа, проекти како овој ја минуават границата на регионот и се шират во цела Европа.
- Доколку нашите визии не се шират надвор од границите, нема да можеме да постинеме ниту конкурентност, ниту соработка, ниту вмрежување, ниту ќе можеме да опстоиме на европскиот пазар. Треба да се воспостават нови мостови на соработка и да се реализираат многу вакви слични проекти, нагласи Петерсен.
Поздравувајќи ги присутните, градоначалникот на Демир Капија Трајче Димитриев напомена дека конференцијата има за цел да ги промовира вредностите на Македонија и истовремено да создаде мрежа од субјекти во туризмот кои кои ќе работат заеднички на креирање нови туристички производи од кои добивка ќе имаат сите вклучени страни.
Утре ќе се одржи и форум на истата тема, со осврт на потребата од едукација на кадрите во туризмот.
Во рамки на проектот ЦЕНЕТ кој ЕУ го поддржа со над 300 илјади евра, во Демир Капија се гради првиот едукативен центар за туризам во регионот.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала





