Македонија инвестира најмногу на Карибите – последните 15 месеци над 82 милиони евра!
Објавено во: Економија 03 Август, 2013 18:33
Според статистичките показатели на НРБМ, Македонија во последните 15 месеци најмногу инвестирала во Сент Винсент и Гренадини, над 82 милиони евра или близу 110 милиони долари.
Приливот и одливот на странски директни инвестиции го мери Народната банка на Македонија.
Според тие податоци, во 2012 и во првиот квартал од 2013 година, Македонија најмногу прима директни странски инвестиции од земји од ЕУ, а капиталот најмногу директно се одлеал во оф-шорната дестинација Сент Винсент и Гренадини на Карибите.
Според податоците на Народната банка, од почетокот на годината до крајот на март, од Македонија во странски земји се одлеале вкупно 19.88 милиони евра, од кои најмногу во Сен Винсент и Гренадини, вкупно 12,2 милиони евра.
Во Црна Гора се инвестирале нешто над 400 илјади евра, 2,4 милиони во Словенија, 1,2 милиони во Србија, 1,6 милиони во Бугарија и 1,1 милион евра се одлеале во Франција. Освен во Словенија, каде 170.000 евра од се одлеале по основ на на акционерски капитал, останатите инвестиции од Македонија кон странство се именувани како “останат капитал”.
Вкупниот прилив за првите три месеци од годинава изнесува 20,12 милиони евра, а кога на ова ќе додаде и нераспределената добивка на компаниите, таа бројка за првиот квартал изнесува 53 милиони евра.
Во првиот квартал нема одлевање на капиталот од земјата што би го нарушил балансот, т.е. и кај акционерскиот и кај „останатиот капитал“ (најчесто станува збор за заеми), вкупните суми се во позитива.
За разлика од ова, минатата година сме имале прилив на акционерски капитал во вредност од 88,5 милиони долари, но во истовреме одлив на 62,4 милиони долари, така што билансот на крај на годината изнесувал само 26,10 милиони долари, без нераспределената, но реинвестирана добивка (така вкупната сума достигнала 132 милиони долари.)
Иако за одливот најмногу сомнеж се искажуваше кон Грција (околу 90 милиони долари), во податоците нашиот сосед го нема, но затоа тука е карипскиот рај – оф шор дестинацијатa Сен Винсент и Гренадини.
Само во 2012 г. на Сент Винсент и Гренадини се одлелале вкупно 93,5 милиони долари. Изразено во евра, ланската сума и оваа за првите три месеци, е вкупно околу 82 милиони евра, пари од Македонија кои се инвестирани во Сент Винсент и Гренадини за 15 месеци.
Во статистиката што ги опишува односите на Македонија со оф-шор дестинациите, може да се забележи дека на листата такви земји од каде се влеваат и каде се излеваат пари се и Лихтенштајн, каде лани се одлеале половина милион долари, а од каде годинава влегле 150.000 евра;
Девствените острови (Virgin islands British) од каде лани дошле 760.000 долари, а годинава 1,7 милиони евра, Кајманските острови (Cayman islands), каде во 2012 г. се одлеале 110.000 долари, како и Санта Лучија (Saint Lucia), од каде лани дошле 50.000 долари, а годинава се одлеале 10.000 евра.
Од Кипар, земјата која годинава беше погодена од силна финансиска криза, лани влегле 1,8 милиони долари, а годинава два милиона евра.
Kако една од дестинациите каде е регистрирана позначајна сума на одлевање во 2012 година е и Хонг Конг, каде се одлеале 15,04 милиони долари.
Најмногу капитал од Македонија во некоја земја од ЕУ, лани се одлеал во Словенија, каде сме инвестирале со 42 милиони долари, додека од истата земја кон Македонија дошле, 1,13 милиони долари.
.
Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




