МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку
Објавено во: Агробизнис 15 Ноември, 2024
Производството на пченица во Македонија е десеткувано, особено ако се погледнат бројките од пред 20 или 30 години. Состојбите не се подобри нуту кај производството на другите земјоделски култури, како сончогледот, тутунот, грозјето...
Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика во нивниот „Статистички годишник“ вклучуваат информации за засадените површи и произведените количини од 1997 година. Земјделските култури и нивното одгледување во голема мера зависи од надворешните временски услови, сосема очекувано е намалување и зголемување на производството, но проблематично е што тенденцијата на намалување е континуирана. Имено, кај дел од културите, се забележува поголем пад, отколку раст или повраток на количините кои некогаш се произведувале во нашата земја.
Да почнеме со пченицата. Од оваа култура во далечната 1998 година во нашата земја биле произведени 336.562 тони, при што просекот по хектар достигнувал 2.961 килограми. Веќе следната година производството се намалило на 319.419 тони, или по хектар биле произведени 2.803 килограми пченица. Пред дваесетина години, или поточно во 2003 година домашното производство на пченица достигнало 225.300 тони или по хектар спаднало на 2.177 килограми. Следната година било достигнат едно од рекордните производства на пченица во нашта земја од 356.825 тони, при што просекот по хектар достигнал високи 3.522 килограми. Веќе во 2005 година производството повторно се намалило, но и понатаму достигнало солидни 333.880 тони, при што проскот се намалил на 3.081 килограм.
Пред десетина години, или поточно во 2013 година нашето производство на пченица било 258.960 тони, при што просекот по хектар изнесувал 3.198 килограми. Во 2014 домашното производство се намалило на 287.954 тони, иако просекот по хектар се згоелмил на врвни 3.755 килограми по хектар. Во 2015 година, домашното производство продолжува да се намалува и спаднало на 201.218 тони, со просечно производство од 2.754 килограми по хектар. Минатата година во Македонија биле произведени 215.165 тони пченица, при што просекот по хектар изнесувал 3.095 килограми.
Ако се погледнат податоците за производството на сончоглед, таму бројките се уште поразочарувачи. Во 1997 година биле произведени 14.902 тони сончоглед, при просечни приноси од 1.129 килограми по хектар. Следната година производството паднало на 13.148 тони, по што следуваат години на постојано намалување на производството, за во 2001 година да падне на 5.475 тони или само 907 килограми просек по хектар. Во 2004 година биле прозиведени 7.764 тони сончоглед, при што просекот изнесувал 1.507 килограми по хектар. Во 2013 година биле произведени 3.832 тони печница, додека во 2014 производството рипнало на 9.268 тони. Ако во 2022 година сме имало солидно производство од 9.833 тони, минатата година производството достигнало само 5.950 тони сончоглед.
Тутунот е единствената гранка каде на некој начин сеа одржуваат количините на производство. Па така во 1997 година биле произведени 25.308 тони, со просек 1.312 килограми по хектар, додека минатата година биле произведени 23.713 тони, при што просекот по хектар изнесувал 1.591 килограми.
Слични тенеденции се забележуваат и кај одгледувањето грозје и садењето лозови насади. Имено од оваа култура во 1997 година биле произведени 258.360 тони грозје, при што просекот изнесувал 3 килогрмаи по пенушка. Потоа следуваат години на постепено намалување на зададените дрвца и на производството. Најмало производство имало во 2002 година кога биле произведени само 118.935 тони грозје, при што просекот бил само 1 килограм по пенушка. Потоа производството повторно било обновено, и добиените количини зголемени. Така на пример во 2013 година биле произведени 292.075 тони грозје, при што просекот достигнал 4 килограми по пенушка. Но, минатата година, повторно е забележан нагол пад на производството, на само 149.006 тони, и просек од 2 килограми по пенушка.
Единствено кај пченката податоците откриваат дека производството не бележи толку големи падови, иако и кај оваа култура има осцилации. Во далечната 1997 година биле проиведени 157.234 тони, со просек од 3.915 килограми по хектар. Додека лани биле произведени 130.180 тони пченка, при што бил остварен просечен принос од 4.565 килограми по хектар.
П.О.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.