19 Декември, 2025
0.0414

Македонија ќе развива бањски туризам по словенечки терк

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2012 13:07

Добивај вести на Viber

Со нов пакет-мерки ќе се ќе се развива бањскиот туризам во земјава. Нов закон и менување на постојната регулатива, привлекувње странски инвеститори , обезбедување средства за новите бањи, но и продажба на градежни парцели за изградба на спа-центри, се само дел од планираните активности, соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Како што информираше тој, веќе се консултирани странски експерти и сопствениците на овие капацитети, а целиот проект е работен според словенечки искуства. „До крајот на годината ќе биде поднесен нов закон за бањи и ќе се распишат постапки за отуѓување земјиште за изградба на бањи во Виница за локалитет Истибања, во Пробиштип за локалитет Добрево - Злетово, во Дебар за бања Бањиште, во Штип за Бања Кежовица, во Струмица за Бања Банско и во Кратово кај селото Вакув за спортско-рекреативен и бањски комплекс“, изјави Ѓорѓиев. Беше најавено и дека владин тим идниот период ќе посети неколку капацитети и ќе изврши мерења на искористеноста на минералните, термалните и термоминералните води. Планирана е посета на Долни Полог - Кочани, Истибања - Виница и Смоквица - Гевгелија, места од кои водата се користи за загревање на оранжериското производство, Здравевци - Кратово каде што водата се флашира, како и Бањски Рид, Катланово - Петровец, Косоврасти и Бањиште - Дебар, Банско - Струмица, Негорска Бања, село Негорци - Гевгелија каде што водата се користи за балнеологија. Потоа, информираат од Владата ќе се утврди можноста за изградба на бањи и давање под концесија на домашни или странски инвеститори. Дополнително, три нови локации ќе добијат концесионери за искористување на водите кои може да се употребат за бањски туризам, Проевце - Куманово (Кумановска Бања), Кежовица - Штип и Стрновец, Кумановско.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата