МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ДОБИЕ ОКСФОРДСКАТА ВАКЦИНА: Ќе биде бесплатна за граѓаните
Објавено во: Македонија 20 Август, 2020 13:43
На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести присуствувала и проф. д-р. Александра Грозданова, претседател на Комитетот за имунизација, при што било разговарано за набавката на вакцините и за сезонски грип, како и за вакцината против Ковид-19, која се уште е во последните фази на тестирање.
Од Комисијата за заразни болести за Фактор потенцираат дека Македонија ќе ја набавува оксфордската вакцина, но уште ќе помине време додека да биде дистрибуирана во земјава.
-Македонија е една од државите која е ставена во тој така наречен КОВАКС механизам за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини против Ковид -19. Нучниците брзо ја развија вакцината пред се поради претходните вирусни инфекции на САРС и МЕРС, за кои имаше доста сознанија, но и покрај тоа тестирањата се уште траат. Мора да се почека одреден период за да се види колку време по примањето на вакцината во човековиот организам има антитела кои успешно се борат, односно човековиот организам е отпорен на корона вирусот. Може тоа да биде 3 месеци, 6 месеци, за сега не се знае, заради што најверојатно ќе биде потребно повторно вакцинирање, велат од Комисијата за заразни болести.
Истовремено истакнуваат дека според Светската здравствена организација, Македонија ќе мора да набави дози од вакцината за 20 проценти од вкупното население, што ќе значи дека ќе треба да добиеме 400.000 дози од оксфордската вакцина.
Во однос на најавата од страна на министерот за здравство, Венко Филипче, кој во интервју за „Слободен печат“ вели дека окфордската вакцина „Астра зенека“ ќе биде бесплата за граѓаните во македонија, од Комисијата за заразни болести потенцираат дека тоа е за глобално добро.
-Државата ќе издвои буџет и вакцинирањето против ковид -19 ќе биде бесплатно, истакнува министерот Филипче во интервјуто.
Во однос на вакцините за сезонски грип, од Комисијата за заразни болести истакнуваат дека оваа година ќе бидат набавени 60.000 дози кои ќе бидат бесплатни за сите ризични категории граѓани, како и дополнителни 10.000 за останатите граѓани кои ќе сакаат за се заштитат од сезонската вирусна инфекција.
Анита БуховскиМожеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




