Македонија на саемот за автомобили во Берлин
Објавено во: Мои пари 08 Ноември, 2012 15:05
Во соопштението се наведува дека присуството на државна институција на овој конгрес беше позитивно оценето како од страна на организаторот, така и од голем дел од учесниците на конгресот кои го посочија ова како пример за држава која работи активно на промоција на можностите и привлекување странски инвестиции.
На конгресот учествуваа повеќе од 300 делегати - производители на автомобили и водечки производители на компоненти за автомобилска индустрија од Европа и светот. Претставниците на Дирекцијата остварија директни средби со голем број компании како резултат на интересот што тие го покажаа по одржаната воведна презентација на директорот Виктор Мизо за инвестициските можности во Македонија.
Аutomobilwoche е најголема платформа во Германија во чии рамки секоја година се собрани највлијателните компании од автомобилската индустрија од земјата и светот.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





