16 Јули, 2025
0.3189

„МАКЕДОНИЈА НЕ Е ДОМ НА ПОЛИТИЧАРИ ШТО ЈА РАСПРОДАВААТ, НАРОДОТ ЌЕ ТИ ВРАТИ СО ЈАЗИКОТ КОЈ НАЈДОБРО ГО РАЗБИРАШ“: Дафина му реплицираше на Османи

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2025 07:30

Добивај вести на Viber

По вчерашната реакција на екс министерот за надворешни работи Бујар Османи, со реплика му се обрати пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска.
Бујар Османи, министерот кој го прифати францускиот предлог без да трепне, кој го претвори Министерството за надворешни работи во огранок на бугарското МНР и кој ги жртвуваше македонскиот идентитет, јазик и историја за фотосесија со европски бирократи, сега се јавува со патетични морални лекции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ќе беше смешно, ако не беше трагично.

Османи зборува за „внатрешна кохезија“, откако со години активно работеше на нејзино разнебитување.

Тој, кој не кажа ни збор, кога Бугарија бараше да не постоиме како народ.

Тој, кој ја потпиша капитулацијата, наречена преговарачка рамка, со наведната глава и без консултација со народот.

Тој, што направи параван од „европски вредности“, за да протне асимилација под европско знаме.

Ако некој ја злоупотреби политиката за криминали цели, тоа беа ДУИ и Османи, кои држеа говори, во кои повикуваа на „света борба за двојазичност”, но како безобразен параван за корупција, кражби и ограбување на сите граѓани: и Македонци, и Албанци, и Турци, Роми Срби, Власи, Бошњаци и сите останати.

Османи денес зборува за „популизам“, откако целата негова кариера е изградена на клиентелизам, поделби и трговија со националните интереси. И ни збор за тоа, што токму тој беше прв што прифати Бугарите да бидат ставени во Уставот, без никаква гаранција за македонскиот народ.

Да му појасниме: Македонија не е ничиј туѓ дом, ама не е ни дом на политичари што ја распродаваат.

Граѓаните не ја заборавија шверцерската ноќ на 16 јули.

Не ја заборавија тишината со која дозволи да се гази врз сè македонско.

Не заборавија дека твојата „дипломатија“ заврши со тоа, Македонија да не започне ниту еден кластер, ама затоа добивме бугарски клубови и закани за порекнување на нашето постоење.

Затоа, Османи, подобро молчи!

Историјата ќе те памети како министерот кој го прифати условот - македонскиот народ да стане „производ на Коминтерната“. А, народот ќе ти го врати со истиот јазик кој најдобро го разбираш“, напиша таа.



Можеби ќе ве интересира

ИНФОГРАФИКА ЗА ЈАЗИЦИТЕ НА БАЛКАНОТ СОЗДАДЕ БУРНА ДЕБАТА:Македонскиот јазик на удар од Грци и Бугари!

ИНФОГРАФИКА ЗА ЈАЗИЦИТЕ НА БАЛКАНОТ СОЗДАДЕ БУРНА ДЕБАТА:Македонскиот јазик на удар од Грци и Бугари!

ФИЛИПЧЕ ПОТВРДИ ДЕКА ИМА ЗЛАТНА ВИЗА ЗА ДУБАИ: Еве како ја добил

ФИЛИПЧЕ ПОТВРДИ ДЕКА ИМА ЗЛАТНА ВИЗА ЗА ДУБАИ: Еве како ја добил

ДВЕ ИМИЊА И СЕ ПОЗНАТИ НА ЈАВНОСТА, ЗА УШТЕ ДВАЈЦА СЕ РАЗМИСЛУВА: Ралев и Шукова можни кандидати на СДСМ за Скопје

ДВЕ ИМИЊА И СЕ ПОЗНАТИ НА ЈАВНОСТА, ЗА УШТЕ ДВАЈЦА СЕ РАЗМИСЛУВА: Ралев и Шукова можни кандидати на СДСМ за Скопје

„ОЧЕКУВАМЕ ВАЛКАНА КАМПАЊА“: Апасиев вели за изборите ќе се истурат многу пари

„ОЧЕКУВАМЕ ВАЛКАНА КАМПАЊА“: Апасиев вели за изборите ќе се истурат многу пари

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Напаѓачот на Данела Арсовска од куќен е однесен во ефективен притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Напаѓачот на Данела Арсовска од куќен е однесен во ефективен притвор

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици

АРСОВСКА: Чешко државјанство имам од раѓање, родителите не можам да си ги изберам

АРСОВСКА: Чешко државјанство имам од раѓање, родителите не можам да си ги изберам

АРСОВСКА: Јунаци, лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра со фалсификати и перење пари на Ганиу?

АРСОВСКА: Јунаци, лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра со фалсификати и перење пари на Ганиу?

ЕВРОСТАТ: Македонија е трета по иселување

ЕВРОСТАТ: Македонија е трета по иселување