19 Декември, 2025
0.0482

„МАКЕДОНИЈА НЕ Е СИРОМАШНА ДРЖАВА, МНОГУ ЏАБОЛЕБАРИ ИМА ЗА ХРАНЕЊЕ“: Мојсоска остро “место за болници и доктори за патни трошоци“

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2025 09:20

Добивај вести на Viber

Колку средства добиле пратениците во Собранието благодарение на патните трошоци, но и предлог за нивно намалување доставија претставниците на Левица кој утре треба да се најде на дневен ред. 

Пратеничката од редовите на Левица, Јована Мојсоска, преку својот Фејсубк профил укажа дека во периодот од 2010 до 2024 година, само за патни трошоци на пратениците отприлика биле потрошени: 
- ДПМНЕ: 3.700.000 евра
- СДС: 2.000.000 евра
- ДУИ: 680.000 евра.

- Во овие суми не се вметнати трошоците за кирии за пратениците, од кои грото имаат станови во Скопје, додека наплаќаат кирии од државата. Утре, 12 февруари - среда, 120 пратеника имаат можност да ја напуштат ароганцијата и да гласаат за Законот на Левица, која џентлменски предлага ограничување на патните трошоци (да не е укинување, за да не се ,,навредат" останатите пратеници)  - истакнува пратеничката и генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска.

Но, Мојсоска не запре тука, туку истакна дека „кога ќе ви речат наредно дека нема пари државата за доктори, за покачување за плати за наставниците, за негувателки во градинките, за опремување на болниците, за лекови на лицата со ретки болести, имајте предвид дека над 6 милиони евра се потрошени само за патни трошоци“, потенцираше Мојсоска.

- Оттука - Македонија не е сиромашна држава, туку многу џаболебари има за хранење! - заклучи пратеничката.


Пратениците од редовите на Левица веќе пробаа да ги укинат патните трошоци, но никој од пратениците не ги поддржаа. Сега имаат поднесено Закон за ограничување на патните трошоци што го поднесе Левица, кој утре, среда е на Дневен ред на собраниска седница.

Левица бара кратење на овие функционерски привилегии, почнувајќи со ограничување на сумите за патни трошоци на пратениците. Укажуваат дека патните трошоци се злоупотребуваат од страна на функционерите, што создава неверојатна фрустрација кај народот. Предлогот на Левица е патните трошоци да се пресметуваат спрема пазарната цена на 6,5 литри гориво на секои 100 километри изминати. 

- Сметаме дека ова е далеку пореално и рационално решение, кое ќе биде прифатливо за целиот парламент, а ќе стави крај на астрономските суми кои пратениците ги земаат од државниот буџет. За Левица одговара и нивно целосно укинување, но за да биде прифатливо за мнозинството, го предлагаме законот во оваа форма. За потсетување, пратениците од другите партии сега земаат пари за амортизација, за патарини... Апелираме до мнозинството и до власта, на седницата в среда да го усвојат овој рационален закон за ограничување на патните трошоци! Тие средства може да се пренаменат за подобрување на квалитетот на живот на сиромашните и ранливи групи граѓани, како во здравствената, така и во социјалната сфера - се укажува во соопштенијата на Левица. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот