25 Ноември, 2024
0.0295

Македонија промовирана пред 200 компании во САД

Објавено во: Економија 04 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Голем број американски компании покажаа интерес за македонските инвестициски можности, а дел  најавија и посета на Македонија за детали за нивни евентуални конкретни инвестиции во тек на втората економска презентација годинава на македонската економија во САД.

Преку бизнис форуми и одделни разговори во изминатите денови во Детроит, Хјустон, Лос Анџелес и Сиетл,  владиниот тим, предводен од премиерот Никола Груевски, ги претстави потенцијалите за водење бизнис пред околу 200 американски компании. Во Сиетл-последната дестинација  од втората економска презентација во САД оваа година, се направени обиди за привлекување логистички и информатички компании во Македонија.

Според премиерот Груевски, економската презентација поминала успешно со голем интерес од компании, при што се таргетирани оние што бараат поконкурентен пазар со пониски цени, како што е македонскиот.

- Можам да кажам дека сите  кризи што се случуваат во последните години од една страна влијаат негативно затоа што се намалува бројот на компании што сакаат да прават нови инвестиции, но од друга страна, пак, тие што сакаат да прават нови инвестиции тогаш се уште позагреани за поконкурентен пазар со пониски цени како што е македонскиот пазар, односно Македонија како локација за правење бизнис, така што ги таргетираме тие сектори во коишто има огромна конкурентност во однос на цените за правење бизнис. Тука влегуваат даноци и други трошоци за правење бизнис. Од таа гледна точка јас сум задоволен, изјави Груевски.

На бизнис форумите и презентациите, покрај владиниот тим, за предностите на македонската деловна клима  говореа и компаниите што веќе инвестирале во Македонија или претставници на Светска банка, што, според премиерот, дава дополнителен кредибилитет.

- Кога зборуваме само ние секогаш може да се јави сомневање кај оние што слушаат дали ова навистина е така бидејќи говори Владата, а таа на некој начин има конфликт на интерес бидејќи говори за своите резултати, но кога станува претставник на Светската банка и го потврдува тоа или, пак, претставници на компании кои во последните години инвестирале во Македонија и го потврдуваат истото, тогаш целата презентација добива сериозна кредибилност и тогаш инвеститорите покажуваат уште поголема заинтересираност. Тоа и се случи на овие патувања во Детроит, во Хјустон, во Лос Анџелес и во Сиетл, укажа македонскиот премиер.

Тој е задоволен од разменетите контакти со компаниите, со кои во следниот период ќе продолжат да комуницираат промоторите и претставниците од Амбасадата на Македонија во САД. Владата, најави Груевски, од јануари следната година ќе испрати уште еден промотор во САД, кој на почеток ќе биде во Лос Анџелес, по што ќе ги покрива Хјустон или Сан Франциско.Тоа ќе биде трет економски промотор на Македонија, по тие во Њујорк и во Детроит и Чикаго.

- Го зацврстуваме нашето присуство во САД затоа што ова е најбогатата, најмоќната економска држава од која што има големи шанси да дојдат инвестиции, има многу глобални компании кои функционираат на глобално ниво, кои не инвестираат само во Америка, туку и во различни делови од светот каде што имаат добри услови за инвестирање, така што одиме со трет промотор тука во овој дел од Америка, рече Груевски, посочувајќи дека покрај во Америка, со уште еден промотор ќе се засилува присуството и во Германија.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?