Македонија на саем во Софија, се привлекуваат бугарските туристи
Објавено во: Економија 15 Февруари, 2013
Македонија успешно ги претстави своите туристички потенцијали и можности на саемот за туризам во Софија, кој завршува утре, информираа од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Гостите притоа добија можност да ги вкусат традиционална македонска храна и вина.
Според економскиот промотор на Македонија во Бугарија, Ана Стојкова, Бугарија претставува исклучително важен економски и туристички партнер на нашата земја и од двата аспекти е позиционирана во првите пет земји со кои Македонија остварува успешна соработка во изминатите години.
„Во рамките на Меѓународниот саем за туризам беше организирано успешно претставување на новините во областа на туризмот на Македонија пред речиси стотина тур-операторите и туристички новинари од Бугарија. Ваквиот одѕив на презентацијата и на впечатливиот штанд, посетата на министерот за економија Делјан Добрев и остварените меѓусебни бизнис контакти се релевантен показател за интересот на бугарските туристи за Македонија како туристичка дестинација и ни дава за право да очекуваме зголемување на нивниот број во нашата земја во идниот период“, истакна Стојкова.
Податоците од Агенцијата, во делот на туристичката размена лани, покажуваат дека Бугарија се наоѓа на петтото место по Грција, Турција, Србија и Холандија.
Инаку ова беше осмиот по ред меѓународен саем на кој Македонија се претставува оваа година, од вкупно седумнаесет кои се планирани до крајот на 2013-та.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.