03 Јануари, 2025
0.0265

MAKЕДОНИЈА ВО ОЧИТЕ НА ТУРИСТКА OД МОЛДАВИЈА: Земјата фасцинира, храната е вкусна, а луѓето живеат тешко

Објавено во: Македонија 12 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Туристката  од Молдавија, Ница Думитрита Бутучеа  која лани во август ја посетила Македонија вели дека земјата е убава, има што да понуди, храната е вкусна, луѓето се гостопримливи, но тажни, имаат тежок живот и едвај преживуваат.

Така ја доживеала Македонија, земја која планира и во иднина да ја посети. Била во Охрид, и раскажува дека езерото е преубаво, но жали што луѓето поради нискиот стандард ги издаваат своите соби за малку пари.

„Ние бевме воодушевени и имавме прекрасна глетка кон езерото. Водата во езерото беше неверојатна. Луѓето беа добри, го сакам нивното гостопримство. Љубезни беа и во рестораните, а и пивото имаше многу убав вкус. Моето мислење за вашиот туризам е добро. Но, луѓето не можат за повисока цена да ги издаваат собите затоа што земјата е сиромашна. Видов дека многу луѓе и под цена ги издаваат собите, само за да заработат нешто. Ни издаде соба еден стар човек за неколку долари, ни ги понуди најдобрите услови од она што можеше, но тоа во исто време беше тажно. Тоа беше стар човек, и ние сфативме дека животот кај вас е многу тежок“ – вели оваа девојка од Молдавија.

Но, Думитрита Бутучеа  е изненадена поради  големиот број туристи кои доаѓаат во земјава, и смета дека тие се враќаат во Охрид заради мирот и тишината.

Taa oд локалното население дознала и дека не сите во оваа земја се еднакви пред законот и пред правдата, за што коментира дека е многу лошо. Од она што го забележала во Македонија, вели дека луѓето се разочарани, но веќе се навикнати на економската ситуација. 

„Тешко е да се живее затоа што има богати кои имаат сè , и сиромашни кои се мачат да преживеат.  Но, јас уживав, и цените ви се прифатливи“ – вели таа.

Додава дека на листата на земји кои планира да ги посети има многу, но во иднина планира пак да дојде во Македонија. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Извлечено возилото кое излета во Вардар, извадени телата на три лица

ЦУК: Извлечено возилото кое излета во Вардар, извадени телата на три лица

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Алармантно загадување на воздухот во Македонија, за Струмица се издадени препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Алармантно загадување на воздухот во Македонија, за Струмица се издадени препораки

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Татко го застрела својот син

УБИСТВО ВО ТЕТОВО: Татко го застрела својот син

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Aвтомобил излета во Вардар

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Aвтомобил излета во Вардар

Директорот на АНБ, Бојан Христовски, добил НАТО сертификат?

Директорот на АНБ, Бојан Христовски, добил НАТО сертификат?

(ВИДЕО) КУМАНОВО ЛИ Е, ГАЗА ЛИ Е: Коментар за масовното пукање петарди и огномети

(ВИДЕО) КУМАНОВО ЛИ Е, ГАЗА ЛИ Е: Коментар за масовното пукање петарди и огномети

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ ДЕСЕТИНА МЕРКИ ЗА СТРУМИЦА: Два дена воздухот е екстремно загаден

ПРЕДЛОЖЕНИ СЕ ДЕСЕТИНА МЕРКИ ЗА СТРУМИЦА: Два дена воздухот е екстремно загаден

ИСЕЛУВАЊЕ: По првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици

ИСЕЛУВАЊЕ: По првото полугодие од кумановските средни и основни училишта се отпишале 174 ученици

САРАЕВО, СКОПЈЕ, ПРИШТИНА: Високо на листата меѓу најзагадените градови во светот

САРАЕВО, СКОПЈЕ, ПРИШТИНА: Високо на листата меѓу најзагадените градови во светот