05 Декември, 2025
0.0297

МАКЕДОНИЈА ВО ЖОЛТА ФАЗА: ССМ бара работодавците да го заштитат здравјето на работниците

Објавено во: Економија 27 Јули, 2021 15:32

Добивај вести на Viber

Maкедонија ја зафати топлотен бран, а работодавците треба да го заштитат здравјето на работниците. 

ССМ ги повикува сите работодавци, во услови кога се најавува дека во наредните денови, целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, да ги почитуваат мерките предвидени со Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

„Сите работници кои работат во услови на изложеност на високи температури, се изложени на топлински стрес. Топлински стрес се дефинира како физичка и физиолошка реакција на работникот на температурата на која е изложен на неговото работно место. Согласно Законот за безбедност и здравје при работа, работодавецот е должен да обезбеди соодветни услови на работа кои нема да го загрозат животот и здравјето на работниците“, велат од ССМ.

Сојузот им препорачува на работодавците: да ги проверат техничко-технолошки колективни мерки за заштита (адекватна вентилација и климатизација), да ги контролираат микроклиматските параметри, да обезбедат минимум една климатизирана просторија со функција на „засолниште“ (каде вработените можат да се разладуваат извесен период во текот на работата), повозрасните лица, бремените жени и хронично болните лица да бидат ослободени од работни обврски.

ССМ уште им препорачува на работодавците да направат промени во организацијата на работниот процес (работа во смени, ротација на работниците и друго).

„Избегнување на работа на отворено во за време на најтоплиот период на денот (11-17 часот) или нејзино редуцирање. Редуцирање на тешка физичка работа, почести паузи во текот на работата, разладување на вработените со обезбедување на климатизирани простори и доволно разладени течности за пиење, смалување на интензитетот на работата и нормите во производството, избегнување на прекувремената работа. Прекин на работата при потреба“, се дел од препораките на ССМ.

Сојузот препорачува работодавците да го поттикнат самопријавувањето на симптомите кај вработените, потоа тие да обезбедат  адекватни лични заштитни средства.

Изразениот топлотен бран се до крајот на оваа седмица ќе условува температури значително над просекот и истите ќе бидат повисоки од просечните дури за околу 10 степени.

Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42, 43 степени, а УВ индексот ќе има многу висока вредност (коефициент помеѓу 9 и 10). Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје