МАКЕДОНИЈА ЖАЛИ – НА УКИМ СЕ СОБРАА ОГРОМЕН БРОЈ СТУДЕНТИ: Ова е масовен собир за жртвите од трагичниот пожар во Кочани
Објавено во: Македонија 17 Март, 2025 13:01
Во тешка и болна тишина, стотици студенти денеска се собраа
во главниот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, во чест и почит кон жртвите од
катастрофалниот пожар што ја потресе цела Македонија.
Со 59 загубени животи и уште 45 млади луѓе во критична состојба, земјата минува низ еден од најтрагичните моменти во својата понова историја. Потресени од болката и немоќта, студентите и академската заедница од УКИМ организираа оваа недела жалост, повикувајќи ги сите граѓани да им се придружат во оддавање почит и испраќање порака на солидарност.

Во кампусот на УКИМ свое обраќање имаше ректорката Билјана Ангелова.
Собирите ќе продолжат низ кампусите на УКИМ до 21 март, со надеж дека оваа трагедија ќе ја разбуди свеста за потребата од подобра заштита, одговорност и превенција, за никогаш повеќе да не се повтори ваква загуба.
Дополнителни информации за наредните собири ќе бидат објавени на официјалните профили на организаторите. Македонија жали, но и памети.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
OJO ЗА НАПАДОТ ВО ИНФОМАКС: Осомничениот обил врати и се заканувал на новинари и на гостинот дека ќе ги убие
СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите, eве што содржи
Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?
Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица
Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите
Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед
„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција
Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка
Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски




