19 Јануари, 2025
0.1170

МАКЕДОНИЈА ЗОВРЕ ОД ИНТЕРВЈУТО НА ЛАТАС - фрчат осуди и барања за санкции, Латас вели дека не спомнал силување, луѓето се испокараа на социјалните мрежи

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Вчерашниот викенд ден кој требаше да биде релативно мирен, особено поради сончевото време и отсуството на други драматични светски и државни настани, всушност може целосно да биде прогласен за бурен, поради интервјуто на новинарот Драган Павловиќ Латас дадено за јутјуберот Стефан Лазарв.

Лавина од реакции пристигнаа од сите страни, главно со осуда за неговиот „перформанс“, но воедно јавноста и беше поделена за тоа дали она за што раскажува Латас е или не е силување.

Социјалните мрежи буквално зовреа, видеото експлодираше од прегледи, а две компании веќе и ги повлекоа своите реклами од каналот на Лазаров.

Хелсиншкиот комитет со силна осуда. 

„Објавеното интервју од јутјуберот Лазаров, каде неговиот гостин Латас споделува дека тој и неколку другари на 15 годишна возраст злоставувале девојка е колективен, општествен пораз и реален приказ за тоа како ги третираме жените жртви на насилство.“, напишаа оттаму.

Всушност повеќе невладини организации, јавни личности и корисници на социјалните мрежи побараа државни органи да реагираат во врска со изјавите на новинарот и водител Драган Павловиќ – Латас дадени во поткаст за јутјуберот Стефан Лазаров, за кој тие сметаат дека содржи промоција на насилство врз жените, како и признание од Латас дека на 14-годишна возраст извршил силување на девојка.

Во интервјуто Латас раскажува како изгубил невиност на 14-години откако некој негов повозрасен другар му дозволил да има однос со неговата девојка во „фиќо“, откако тој претходно „завршил работа“. Претходно Латас раскажа дека тој негов пријател бил насилен кон девојките.

Се огласи Латас со објаснување дека не станува збор за силување и промоција на насилство, туку за обид за негова стигматизација.

„Не постои моја изјава, никаде и никогаш, за силување особено не на кое јас сум присуствувал. Значи, нема ни во посочената емисија, подкаст, кој е најпопуларен во државава, а замисли се уште не е под ваша контрола“, вели Павловиќ.

Тој додава дека тоа може да се види од самото видео, кое го има на мрежата Јутјуб.

Со свое видување излезе и водителот Стефан Лазаров, кој повика да се погледне подкастот во кој Латас во ниту еден момент не вели дека некоја девојка била силувана.

„Жално е што се крева лажна хајка и се оцрнува моето име, но кога некој покренува иницијатива со вакви сериозни обвинувања, фер е да се изгледа видеото и да се види дека ситуацијата била сосема поинаква и не станува збор за никакво силување. Никогаш не сум дискриминирал ниту пак сум подржувал изживување врз женскиот род. Јасно ми е дека живееме во држава во која се чека момент некој да биде уништен, и немам проблем со тоа, но да прифатам дека сум подржувач на силување нема никогаш“, напиша Лазаров на својот профил на Фејсбук.

Со став излезе и форумот на жени на СДСМ. 

„Најостро го осудуваме однесувањето на новинарот Латас и јутуберот Лазаров кон жената во општеството. Јавното промовирање и поддржување на сексуалното насилство и сексуалната злоупотреба е целосно неприфатливо и мора да подлежи на сакционирање. Ваквото понижувачко, омаловажувачко, деградирачко третирање на жената мора да биде осудено од сите општествени чинители, и да се испрати јасна порака дека насилството врз жените е неприфатливо. Ги повикуваме институции во рамките на своите на надлежности да превземат мерки за санкционирање. Го повикуваме јавното обвинителство согласно нивните законски овластувања да покрене постапка за утврдување на евентуална кривична одговорност. Ги повикуваме новинарските здруженија, Советот за етика во медиуми да го осудат ваквото однесување и да го санкционираат новинарот Латас. Форумот на жени на СДСМ смета дека секој облик на насилство врз жените е флагрантно кршење на човековите права и затоа бараме веднаш затворање на youtube каналот. Воедно ги повикуваме сите граѓани и граѓанки да ни се придружат во оваа иницијатива и да побараат затворање на овој канал“, велат од Форумот на жени на СДСМ. .

Компанијата Кожувчанка, кој производ е и популарниот Синалко, а чие лого е истакнато кај јутјуберот Стефан Лазаров, бара тој да го тргне истото и информира дека не поддржува емисии во кои се промовира таков говор, каков што беше случајот со емисијата во која гостуваше новинарот Драган Павловиќ – Латас.

На социјалните мрежи и вчера и доцна вечерта не стивнаа реакциите.

Работите ќе станат појасни во текот на денешниот ден, кога се очекува надлежните органи и институции да се произнесат за изнесенето во интервјуто. 

Можеби ќе ве интересира

ТРОЈЦА СЕ ВО БЕГСТВО, ШТЕКЛИ Е ВО ПРИТВОР, А ТОА СЕ БАРА ЗА УШТЕ ДЕВЕТМИНА - ова ги чека членовите на бандата кои продаваа дрога по нашите улици

ТРОЈЦА СЕ ВО БЕГСТВО, ШТЕКЛИ Е ВО ПРИТВОР, А ТОА СЕ БАРА ЗА УШТЕ ДЕВЕТМИНА - ова ги чека членовите на бандата кои продаваа дрога по нашите улици

„СО УСТАВОТ ДО КАДЕ СТЕ, АЛБАНИЈА ВЕЌЕ ОРГАНИЗИРА СВЕТСКИ НАСТАНИ“ - Златко Ориѓански со суптилна порака

„СО УСТАВОТ ДО КАДЕ СТЕ, АЛБАНИЈА ВЕЌЕ ОРГАНИЗИРА СВЕТСКИ НАСТАНИ“ - Златко Ориѓански со суптилна порака

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е, ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанец

ДОБРО ВИДЕТЕ КОЈ Е, ПРЕД НЕКОМУ ДА ОТВОРИТЕ ВРАТА - еве како напаѓал и крадел 26-годишен скопјанец

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРОГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРОГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите