19 Декември, 2025
0.2212

Македонија2025 ги осудува коментарите на американскиот конгресмен

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2017 15:07

Добивај вести на Viber

Македонија2025 остро ги осудува коментарите на конгресменот на Соединетите Американски Држави и повикува да се повлече неговото претседаваштво на конгресниот „Поткомитет за Европа, Евроазија и новите закани“.

Македонија2025 е едногласна со Македонците низ светот, вклучувајќи ја организацијата Обединета Македонска Дијаспора, во ставот дека „е крајно неодговороно за високорангиран конгресмен на САД отворено да го пропагира уништвуањето на една независна нација“. Во овој случај, повикот за делба на Македонија сериозно ја потценува политиката на САД во Југоисточна Европа, но исто така го потценува и Претседателот на САД Доналд Трамп“. Господинот Трамп беше избран за Претседател и поради неговото ветување за политика на принципиелен неинтервенционизам и обединување со сите сојузници кон искоренување на радикалниот исламски тероризам. Пропагирањето на конгресменот Рорабахер од Калифорнија дека една добронамерна земја која учествува во обидите на САД и ЕУ да донесат мир во светот и во Европа, во борбата против глобални закани, вклучувајќи го и обезбедувањето на премин за бегалците по барањето на ОН, САД и Европа, како и учеството со воена поддршка, е предавство на земја која е докажан сојузник.

Бараме од сите граѓани на Македонија, од лидерите на политичките партии, од претставниците во деловната сфера и општествените организации, да се ОБЕДИНАТ и да делуваат МУДРО во изнаоѓање на решение што ќе не однесе напред по тесниот изборен резултат. Ги повикуваме сите политички партии и релевантни институции да се ОБЕДИНАТ и да имаат отворен и чесен дијалог. Само добронамерна и слободоумна комуникација и компромис помеѓу сите политички партии можат да не одведат до решение што ќе овозможи стабилна и безбедна Македонија и безбедност за сите граѓани. Македонија2025 ги замолува сите луѓе да се ОБЕДИНАТ и да делуваат мирољубиво и со почитување кон секого, затоа што сите сме ЕДНО.

Македонија2025 изјавува дека „демократскиот процес со несигурен резултат не значи дека една независна и суверена нација треба да биде оставена на цедило. Всушност, ова прашање бара поддршка и посветување од сите страни“. За крај, се обраќаме до меѓународната заедница да ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во (изменети) НАТО и ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот