Македонија2025 собра 1,3 милиони долари на гала вечера во Чикаго – македонската дијаспора со поддршка за развој на лидерство, едукација и македонските бизниси

Објавено во: Економија 26 Септември, 2023
Пред многубројните гости и поддржувачи се обрати претседателот на Одборот на директори на Македонија2025, Мајкл Чкламовски кој во својот поздравен говор се осврна на почетоците на организацијата и визијата и целите, поставени од идејниот основач Џон Битов сениор кој по покана на поранешниот претседател Борис Трајковски, обединил неколку лица од дијаспората за да го помогнат развојот на Македонија со своето знаење и контакти.НикицаМојсоска-Блажевски, извршен директор на Македонија2025 меѓу другото се осврна и на досегашните реализирани активности и постигнатите резултати во областа на поддршка на развој на лидерство и на млади таленти и во програмите за помош и развој на македонските бизниси.
Во моментов, Македонија2025 имплементира над 10 програми за поддршка на овие сектори, од кои за најголемата едукативна програма обезбедена преку фондацијата Атанас Близнакоф за студенти годишно се издвојуваат над 300 илјади САД долари.
Извршната директорка на Македонија2025, Никица Мојсоска-Блажевски го истакна значењето на поддршката што ја дава македонската дијаспората и поддржувачите од САД и Канада за јакнење на капацитетите на земјата и нејзиниот човечки потенцијал. Покрај другото, таа се осврна на предизвиците со кои се соочува македонското општество и на бавниот економски и демократски развој и потенцираше: „Потенцијалот за просперитетна иднина е реален, но бара итно и фокусирано внимание, бара обединување. Ве повикуваме сите тука присутни заеднички да го создадеме и реализираме македонскиот сон односно развиена,демократскаи просперитетна Македонија, добра за нас, за Балканот и за светот“,истакна Мојсоска-Блажевски. Таа нагласи дека средствата собрани од овој настан ќе бидат исклучиво наменети за поддршка на програмите на Македонија2025, придонесувајќи за развојот на Македонија преку тековните, но и нови стратешки цели кои се поделени во неколку области:забрзување на обуката за лидерство,проширување на можностите за млади таленти, зајакнување на растот на бизнисот,вклучување на искусни експерти, забрзување на дигитализацијата во Македонија ипоголемо поврзување со дијаспората и со дигиталните номади.
Претседателот Стево Пендаровски, кој е и долгогодишен партнер и поддржувач на активностите на Македонија2025, беше главен гостин на Гала вечерата. Тој во рамките на своето обраќање го подвлече значењето на соработката и јакнењето на врските со дијаспората.
Под покровителство на претседателот Пендаровски, а во соработка со Македонија2025 се реализира Охрид-кампот за високо-технолошка извонредност, како и образовни активности и други настани прекуПретседателскиот центар за политичко образованиеи други настани.
На Гала вечерата во Чикаго претседателот Пендаровски додели три награди: двеПризнанија за придонес на припадниците од дијаспората кои им беа врачени на двајца истакнати македонци од дијаспората - Стенли (Наце) Томас од Канада и Влатко Андоновски од САД, а највисокото државно признание, орденот „8ми септември“му беше доделено на Дејвид Калхун, главен извршен директор на Боинг, за неговиот придонес за развивање на македонско-американските односи.
Дејвид Калхунсе заблагодари за наградата и најави дека и понатаму ќе се заложува за интересите на Македонија, преку соработка со Македонија2025. Тој во интервју, кое на Гала Вечерата го водеше Мајк Зафировски,говореше за важноста на добрите лидери, за приоритетите при водење на компании, но и држави и важноста на невладините организации за поддршка на општествено-економскиот развој.
Присутните ги поздрави и Невенка Димитрова, член на Одборот на директори на Македонија2025, се заблагодари за присуството и поддршката и ја истакна важноста на организацијата во создавање просперитетна иднина во Македонија.
Гала вечерта во Чикаго беше во духот на македонската култура, традиција и кујна. Пред гостите настапија реномирани македонскиуметници кои имаат изградена меѓународна кариера. Познатиот македонски пијанист Дуке Бојаџиев, безвременскиот глас на Крсте Роџевски и волшебната кларинетска уметност на Исмаил Лумановски создадоа музичко ремек-дело и неверојатна атмосфера во која уживаа сите гости, со силни емоции. Гостите, исто така, уживаа во мелодиите на македонската музика, со традиционални ора ширејќи го нашето културно наследство. Македонската химна беше отпеана од нашата позната пејачка Александра Пилева Чадиева, која живее во САД. Ова е втора настанна Македонија2025 за собирање на средства, по оној во 2015 година, кој се одржа во Охајо, САД.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
НАЈВЕЛИКОДУШНИОТ БРИТАНЕЦ, СЕПАК, МИСЛЕЛ И НА СЕБЕ - си исплатил повеќе од еден милион фунти за секој работен ден

Chinadaily: Експертите велат дека податоците од услугите го потврдуваат закрепнувањето

ИСПЛАТАТА ЌЕ ПОЧНЕ ОВОЈ МЕСЕЦ - еве кој сѐ ќе земе пари од владината помош, законот усвоен и пратен на усвојување по скратена постапка

БРУТО ПЛАТА ОД ИЛЈАДА ЕВРА - странците во зоните сѐ подобро ги плаќаат нашите работници
НА ПАЗАРОТ НИКОГАШ ДОСЕГА НЕ ВЛАДЕЕЛА ТАКВА БИТКА ЗА СЕКОЈ РАБОТНИК КАКО СЕГА - еве што кажа хрватската директорка на Здружението на работодавачи
ФИСКАЛНО ОДРЖЛИВ И ТАРГЕТИРАН: ДЕВЕТТИ ПАКЕТ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА НАЈРАНЛИВИТЕ И СТОПАНСТВОТО

ГОЛЕМ ТРГОВСКИ ЛАНЕЦ ИСПЛАТИ 300 ЕВРА БОЖИЌНИЦА - најавуваат и значително зголемување на платите во идната година

СРПСКА КОМПАНИЈА ОБЈАВИ ДЕКА МОРА ДА ОТПУШТИ ДОСТА РАБОТНИЦИ - прв пат поминуваме низ нешто вакво, тешко е да се отпуштат добри луѓе

МЕТА И IBM ЛАНСИРАА АЛИЈАНСА - таа ќе ја промени вештачката интелигенција
