18 Декември, 2025
0.0533

MAKЕДОНКА ВО ОМАН: Moјата работа овде не е стресна, туку е забавна

Објавено во: Македонија 26 Март, 2018 06:15

Добивај вести на Viber

Младата Слободанка Павлова од Велес веќе шест месеци работи во хотел во Оман и вели дека условите за работа во оваа земја се одлични.

За својата работа раскажува дека не е стресна, туку е забавна, а Оман вели дека е убава земја и бидејќи има доволно време има и можност да ја истражува државата, да шета, да оди на плажа, да посети кино.  Патот до вработување во Оман е реализиран преку странска агенција.

„Работата во Оман ми беше понудена од агенцијата King’s Camp од Англија. Преку нив заминав пред неколку години на брод, и сега ми ја понудија оваа работа на брод затоа што е слична со онаа што ја работев, анимација на деца и семејства кои доаѓаат на одмор. Во Оман работам во хотелот Shangri-La  како аниматор, правам спортски игри, како на пример одбојка, олимписки  игри во базен, олимписки игри на плажа, натпревари, квизови, фигури од балони.  Тука сум 6 месеци и ќе се вратам во Македонија на кратко во април. Условите за работа се одлични, може да се работи по 9 часа на ден  по закон, и морам да имам два слободни дена во неделата. Може да се заработи, зависи од тоа колку ќе троши човек“- раскажува Павлова.

Меѓу нејзините колеги нема Македонци, но има луѓе од Италија, Шри Ланка, Англија, Јужна Африка. Таа е задоволна од животот во оваа далечна земја.

„Цените во супермаркетите се како кај нас, а ако одите во ресторан или се возите со такси, тогаш е поскапо. Животот зависи од луѓето кои се околу тебе.  Земјата е интересна, султанат е, а султанот е на власт 47 години. Откако дошол на власт се гради, а претходно немале ништо. Имаат нафта, и големи нафтени компании. Живеат традиционален живот, имаат големи семејства, а туристи има од секаде“ – додава Павлова.

Таа претходно  работела и како професор по англиски јазик, а познавањето на јазикот и отвори врата за работа надвор од земјата, стекнување на нови искуства, вештини, пријателства, но и да се прошета  многу држави.

Павлова е една од многуте младите луѓе кои одлучиле да си ја пробаат среќата надвор од Македонија.

Инаку, Оман пред 4 години бараше лекари и медицински персонал од странски земји, при што се нудеа доста високи плати за ваквите кадри од неколку илјади евра. Оман важи за влијателна арапска земја, која претходните години можеше да се пофали со добар БДП по глава на жител. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери