Македонки уапсени на Крит за продажба на опојни ампули
Објавено во: Балкан 31 Јули, 2017
Грчката полиција привела поголема група на осомничени, меѓу кои и две македонски државјанки поради продажба на опојни амбули. Полицијата на Крит кај уапсените Македонки пронашла 41 ампула со азотен оксид, таканаречен гас за смеење, повеќе балони и други предмети.
Туристите на Крит или блиските острови во Грција кои се главно место за посета за забава, дружење и авантури, всушност го користат гасот за смеење како опојна дрога, односно го вдишуваат за да станат „high“ па за една инхалација плаќаат по 1 евро. Токму затоа грчката полиција реши да интензивно спроведува рации против нелегална продажба на гас за смеење.
Овој гас е еден од најшироко користени опојни супстанци во неколку европски земји и е поврзан со неколку смртни случаи. Еден 18-годишен британски турист на почетокот од летово претрпе оштетување на мозокот од вдишување на хемикалијата додека бил на одмор на Крит.