Добивај вести на Viber
Македонија ги претстави своите туристички потенцијали и можности на официјална прес-конференција пред голем број новинари и гости кои имаа можност да уживаат во традиционална македонска храна и прекрасни вина, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ)
„На полето на туристичката размена, резултатите на АППТ за 2012 година покажаа дека Бугарија се наоѓа на петтото место после Грција, Турција, Србија и Холандија. Ние работиме на тоа Бугарија да најде меѓу првите три наши туристички партнери затоа што за тоа ги имаме сите претпоставки и затоа што тоа им доликува на нашите два блиски соседни народи“ изјави македонскиот амабасадор во Софија Благој Ханџиски.
Васко Шутаров, директор на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија истакна дека културата е едно од најпрепознатливите обележја на земјата и едно од највредните туристички богатства, што нашата држава може да им го понуди на гостите од сите светски меридијани.
„На македонскиот штанд на Саемот, единствено ние како држава имавме своја културна програма, а настапот на Македонка Ичева со грст интерпретации од најубавата македонска музичка ризница, предизвика исклучителен интерес кај гостите на Саемот за туризам-Софија 2013 година“, изјави Шутаров.
Економскиот промотор на Македонија во Бугарија Ана Стојкова потенцираше дека Бугарија претставува исклучително важен економски и туристички партнер на нашата земја и од двата аспекти е позиционирана во првите пет земји со кои Македонија остварува успешна соработка во изминатите години.
„Во рамките на Меѓународниот саем за туризам беше организирано успешно претставување на новините во областа на туризмот на Македонија пред речиси стотина тур-операторите и туристички новинари од Бугарија. Ваквиот одѕив на презентацијата и на впечатливиот штанд, посетата на министерот за економија Делјан Добрев и остварените меѓусебни бизнис контакти се релевантен показател за интересот на бугарските туристи за Македонија како туристичка дестинација и ни дава за право да очекуваме зголемување на нивниот број во нашата земја во идниот период“, вели Стојкова.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.