17 Декември, 2025
0.0462

Македонски „инвеститори“ на Карибите: ЧУМУ?!

Објавено во: Економија 07 Август, 2013 08:08

Добивај вести на Viber

Кариби – атрактивна туристичка, сајбер-хакерска но и оф-шор дестинација. Не само за странските, туку и за македонските бизнисмени. Податокот дека за 15 месеци од Македонија на сметки во Сен Винсент и Гренадини се слеале 82 милиони евра ја отвори дилемата каков инвестициски интерес препознаа Македонците во даночниот рај. Според домашната експертска јавност, зголемениот одлив на пари е логична последица ако се знае дека оваа дестинација нуди големи даночни бенефеции. Сепак, дел од економистите што ги консултираше “Фактор“ се сомневаат дека станува збор за инвестиции во вистинска смисла на зборот. “Претпоставувам дека не се работи за странски директни инвестиции во вистинска смисла на зборот, туку повеќе за некоја форма на остварен  повлечен профит, кој во форма на “реинвестирана добивка во странство“ се префрла на сметки во земји кои даваат поволни даночни третмани“ – објаснува за “Фактор“ професорот Марјан Петрески. Според податоците на Народната Банка, во Македонија најголемото салдо на странски директни инвестиции го кумулираат инвеститори од земјите во Европската Унија. Од друга стрна, најголем одлив од Македонија е регистриран на адреса на Сент Винсент и Гренадини на Карибите. Од почетокот на годината до крајот на март, од Македонија во странски земји се одлеале скоро 20 милиони евра, од кои најмногу, или 12,2 милиони евра, токму во овие две оф-шор дестинации на Карибите, вкупно 12,2 милиони евра. Зошто македонските бизнисмени не препознаваат инвестициски интерес за вложување на своите пари во земјите од Европската Унија, кои во исто време котираат како клучни инвестиори во Македонија? “Мислам дека нашите домашни инвеститори во основа се аверзивни кон ризикот, така што дури и оние кои инвестираат во странство тоа главно го прават во земјите од опкружувањето, поради блискоста, со некои земји не поврзува и заедничко минато, сродноста на јазикот, културата, навиките. Но, да имаме предвид дека не може да се очекува поголем контингент македонски инвестиции во странство, затоа што многу малку се компаниите кои имаат реална финансиска моќ да го сторат тоа“- смета Петрески. Според последните расположливи податоци, македонските инвестиции во Црна Гора изнесуваат нешто над 400 илјади евра, во Словенија  2,4 милиони, 1,2 милиони во Србија, 1,6 милиони во Бугарија и 1,1 милион евра се одлеале во Франција. Оф – шор дестинации за даночна егзотика ! Статистиката на надлежните институции го регистрира само “легалниот“ пат на парите, останува отворено прашањето колкави суми се одлеваат надвор од системот. Во балканскиот “Викиликс“, афера која изби во април, според тврдењето на Блаж Згага,  еден од новинарите – истражувачи, се вкклучени и македонски имиња. Засега – тие останаа во тајност, но домашни бизнисмени и банкари не ја отфрлија можноста дека и македонците чуваат пари на сметки во земји што важат за “даночен рај“. Атрактивни дестинации за даночна комоција се  Каналските Острови кои и припаѓаат на Велика Британија,  Карибите, но и земји како Швајцарија, Луксембург и Андора. Парите што се чуваат на банкарски сметки во некоја од овие дестинации – се безбедни и целосно заштитени. “Самите offshore банки на своите клиенти им нудат пристап до стабилни политички и економски системи. Поради големиот степен на банкарска дерегулација, овие банки можат да работат со ниски трошоци, а на клиентите да им понудат повисоки каматни стапки за нивните заштеди, отколку што е тоа случај во домицилните земји на тие клиенти. Фактот што приходот од заштедите, односно каматата не се оданочува ги прави овие банки поконкурентни во однос на другите банки во светот“ – оцени во колумна за “Фактор“ аналитичарот Гоце Трајковски. Открива детаљи за начинот на кој се воспостаува релацијата клиент – банка. “Посетата на тие дестинации е скапа, па затоа најчесто се отвораат сметки без физичко присуство на клиентот. Деловниот однос се воспоставува преку интернет, а во одредени ситуации (за да не се остави пишана трага) и преку телефон. Посебен интерес привлекуваат анонимните (шифрираните) сметки кои, на некој начин, претставуваат “заштитен знак” на offshore банките. Идентитетот на сопственикот на анонимна сметка се чува во тајност од страна на банката. Најчесто вакви сметки се отвораат од страна на лица кои не сакаат да платат данок во матичната земја или настојуваат да го скријат потеклото на своите пари. “ – објаснува д-р Трајковски. Според проценките, во земјите што важат за “даночен рај“ живее само 1,2% од вкупното население и тие располагаат со 26% од вкупното светско богатство. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас