23 Јануари, 2025
0.0477

МАКЕДОНСКИ ИЗУМ СПАС ОД ЗАГАДУВАЊЕ: На температури пониски од нула се расчистува магла

Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Истражувачите и иноватори Др Владо Спиридонов, Чало Чаовски и Др Стефан Стефанов од Скопје направија изум за растерување на магла за  60-120 минути. За Фактор, Спиридонов објаснува како овој изум функционира и каков бенефит би имала околината во периодов кога се соочуваме со загадување на воздухот и преладена магла.

Фактор: На кој начин функционира изумот за расчистување на магла?

Изумот за расчистување магла функционира на температури пониски од нула степени. Принципот на засејување на приземниот слој од атмосферата каде се јавува маглата се состои од засејување на маглата со испуштање на многу мали количини на течен јаглерод двооксид од мобилни или стационарни уреди. Пред отпочнување на дејството се анализира временската и атмосферска состојба со сите метеоролошки параметри, топографијата на теренот со цел правилно да се оптимизира постапката и подготви оперативен план за активност. Во услови на густа магла во зависност од пространството кое сака да се исчисти се користат 1-3 возила со инсталирани сетови за засејување, а таму каде нема пристап или има отежнати услови се користат и стационарни уреди. Првите ефекти од расчистувањето се гледаат 15-30 минути по дејството, а веќе после околу 1 час видливоста се зголемува. Дејството трае од 1-3 часа во зависност од условите.

Фактор: Со оглед на фактот дека Македонија се соочува со загаден воздух, колку овој изум практично би помогнал за средината во која живееме?

Експерименти за расчистување магла се правени на повеќе локации во Македонија (рудник Суводол Рек Битола, аеродромот Александар  Велики, Скопското подрачје, во планински области (Водно), наплатни станици и другу локации. Експериментите за растерување преладена магла во градот Скопје се покажаа успешни и истите се документирани, а резултатите се публикувани во научен часопис. Со примената на овој метод би се намалил ефектот на аерозагадување во Скопската котлина.

Фактор: Колку време ви беше потребно за создавање на  изумот?

Методот и техниката за расчистување магла е развиен во соработка со водечкиот професор од Универзитетот во Јута (Проф. Норихико Фукута) пранешен експерт на НАСА, Агенцијата за обнова и развој, и истиот во 1999 годina е промовиран од страна на Технички Гасови како носител на апликацијата и експерти од УХМР и применет во Македонија со извесни модiфикации  на методологијата, техниката и оригинални иноваторски решенија за поуспешно справување со овој временски феномен.

Фактор:  Дали практично изумот се применува или засега е само на хартија?

Методот во 2000 година од Министерството за економија доби најголемо признание и е прогласен за Патент на годината од тогашната Влада. Во Брисел на ЕУРЕКА освои златна медала со назнака, а во Будимпешта во 2002 е добитник на Гранд При. Оперативно се применуваше во рудникот Суводол во многу тешки услови на производство на јаглен каде при одделни атмосферски услови видливоста на воздухот во атмосферата изнесуваше само неколку десетици метри, како и аеродромот Александар Велики во периоди кога истиот беше затворен за полетно слетни операции. За жал тоа се случуваше во периодот помеѓу 2000 -2002 година и неколку години потоа во Рек Битиола на оперативен план, но истражувачките и експериментални активности продолжија до ден денес.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

ТОШКОВСКИ НЕ САКА ДА ШПЕКУЛИРА ЗА ГРУБИ: „Немаме информација каде е“

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

АХМЕТИ: Вчерашната одлука на парламентарното мнозинство без етнички легитимитет за деградирање на позицијата на албанскиот јазик e скандалозна

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА СМРТТА НА БЛЗНАЧИЊАТА: Еве што велат од Државниот санитарен инспекторат

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

Обвинителството ќе испитува како паднал ученикот од прозорец во Прилеп, но чека одговори од полицијата

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ЏИП ЗА КОЈ ТВРДИ ДЕКА Е НА АПАСИЕВ - „Драго ми е што напредуваш, ама одвој 40 денари за да го паркираш прописно“

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

ВЕНКО ОПЕРИРАШЕ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ УЧЕА: Филипче изврши операција на пациент со сериозен проблем со р'бетот

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција

„НЕ Е НА ГРАНИЦА ЗА ДА ПРОДАВА ЦВЕЌИЊА, ТУКУ ДА ГЛЕДА ВО КОМПЈУТЕРОТ ДАЛИ ЛИЦЕТО Е НА СТОП ЛИСТАТА“ - Тошковски за бегството на Груби, се испитува дали е организирана операција