27 Април, 2024
0.0534

„Македонски манифест“ му ја предаде новата декларација за одбрана на Македонија на Иванов

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Здружението „Македонски манифест“ ја презентираше донесената декларација за одбрана на Македонија која е достапна за јавноста, а истовремено е доставена на разгледување и кај претседателот Иванов. 

Како оваа декларација ќе биде политички ефектуирана засега нема информации од „Македонски манифест“, па ќе се чека на реакции на политичките партии дали ќе ја поддржат и можеби ќе бараат истата да се имплементира преку новата влада.

Од почетокот на осамостојувањето Република Македонија е подложна на деструкција од странски и домашни структури. Се почна со менувањето на уставот, знамето и името, со удар на темелите на  автентичниот македонски идентитет, кој е изведен на губилиште. Зад тоа мимикриски стојат и ЕУ и САД, како и нашата петта колона на Сорос, велат од Македонски Манифест.

Македонски манифест ја дава на увид следнат ДЕКЛАРАЦИЈА за одбрана на македонскиот национален и државниот суверенитет

1. Суверенитетот на Македонија како национална држава на македонскиот народ и малцинствата во неа е неделив. Службен јазик на цела нејзина територија е македонскиот, што исклучува секаква двојазичност на тој план. По тој основ сите граѓани на Република Македонија се должни да го изучуваат и говорат него, според примерот на западните демократски држави. Во светот не постои ни една унитарна држава која е двојазична.

2. Македонски манифест е против било каква измена на грбот, македонската химна и останатите национални симболи, кои се идентитетски белези во кои е складирана историската меморија на македонскиот народ. Барањето за нивна промена, нагласено и во албанската платформа, претставува геноциден акт, поткопување и укинување на автентичниот македонски архетип.

3. Во контекст на претходното најважно е Името. Не смее ни лево ни десно да се поместува тоа и треба еднаш за секогаш да им се каже на странските и домашните ликвидатори на македонскиот идентитет дека ни ЕУ ни НАТО, ниту било што друго на светот е цена за нашето Име.

4. Македонски манифест  се противи на било каков референдум за Името. Таквите свети нешта не се фрлаат во коцкарница. Предлагаме итно да се прекинат срамните разговори и преговори за Името со кои се понижува кедонскиот народ. Ние сме постоеле, постоиме и ќе постоиме само во името МАКЕДОНИЈА. Во ниедно друго.

5. Македонија под итно да побара во рамките на ОН, каде нѐ признале под уставното име 138 држави правна и етичка разрешница за него, и така да го извлече од канџите на валканата политика и политички силеџии

6. Македонија не смее  да биде роб на филозофијата на безалтернативност. ЕУ и НАТО со години не не прифаќаат и нѐ понижуваат, притискајќи нѐ да се преименуваме и идентитетски да нѐ ликвидираат. Оттука Македонија има апсолутно и природно право на алтернатива, која им е дадена со воскресението дури и на мртвите. Освен ЕУ, САД и Западот постојат и други простори, држави и страни на светот.

7. Македонија во најкус можен рок да направи попис на населението за да се види фактичката состојба на нештата која, како што знаеме, се сокрива и се фалсификува, а сѐ во интерес на едно фаворизирано од Брисел и Вашингтон етничко малцинство кај нас.

8. Решително да се постави граѓанскиот наместо сегашниот племенски концепт на општествено уредување, кој е антидемократски и кој ѝ е присилно наметнат на Македонија од Брисел и Вашингтот. Тоа е потребно и за да се укине наметнатиот однадвор паралелизам меѓу македонското мнозинство и албанското малцинство со цел да се потисне првото.

9. Во тој контекст да се преиспита под капитулантски воени услови присилно наметнатиот Охридски рамковен договор, кој е веќе одамна вглобен во уставот, исполнет и реализиран на апсолутна штета по однос на суверенитетот на државата и Македонците. Да се укине како антиуставен, уценувачки и деструктивен во сите свои елементи.

10. Претходното ја наметнува и итанта потреба од интеграција на македонските албански политичари во општеството, што претпоставува нивна лојалност на државата во која живеат, а не лојалност на Албанија и Косово, како што е нивната сегашна политичка пракса. Потребно е тие да се откажат од сопствената и од гетоизацијата на македонските Албанци, и да престанат да ја трујат нивната невина душа насочувајќи ја со омраза кон Македонците. Впрочем нивно природно право е да изберат чии закони ќе ги почитуваат и каде ќе живеат, тука или во Албанија.

11. Македонската влада максимално да ја зајакне границата со Косово, која сега постои само на хартија. Меѓу другото и тероризмот од Косово во кумановско ,,Диво насеље,, итно ја наметна таа задача.

12. Македонски манифест од аспект на националниот и државен суверенитет смета исто така дека се потребни итни реформи и во македонската дипломатија, која страшно потфрли во овие 25 години на ,,самостојност,, , почнувајќи од продажбата на Името под референцата БЈРМ во ОН,па сѐ до Пржино и пржинскиот договор. Да не се праќаат во значајни мисии надвор амбасадори и конзули туристи, трговци во храмот и проверени партиски подлизурковци, туку стамени, етички и храбри личности, кои ќе ја заштитуваат вистински и без виткање на рбетот нашата држава и нејзиниот идентитет.

13. Македонската влада преку репрезентативни изложби, симпозиуми итн. да ја претстави мартирската слика на македонските егзодуси во Брисел, Париз, Лондон, Берлин. Егзодуси на кои им кумувала Европа. Нека ги соочи со нивната совест и нивната нова намера за егзодус на македонскиот идентитет преку притисокот да се преименуваме. Нека видат како сојузничките бомбардери на Англија, на пример, ги бомбардираа во 1948 на Вичо и Грамос македонските деца –бегалци од Егејска Македонија. Потребна е наша контраофанзива против агресијата да нѐ дотаманат.

14. Да се донесе, како што е тоа во Западна Европа, закон за забрана на формирање на етничка партија и секоја друга која не го почитува суверенитетот на македонската држава: јазик, закони и друго. Во рамките на тоа Македонски манифест  бара од државните превосудни органи да поведат веднаш истрага против потписниците на Албанската платформа која е антидржавна, а нејзините потписници антидржавни елементи.

15. Македонски манифест и повикува сите патриоти од двете најголеми и од останатите македонски партии да го фрлат од себе тесниот партиски оклоп и да се обединат за достоинствена и енергична одбрана на македонскиот и државен суверенитет. Против нив е секој Македонец што ќе ја прифати деструктивната албанска платформа. Секој таков акт е велепредавство.

16. Оваа Декларација ќе биде проследена  и до македонските иселеници во светот со повик за семакедонско обединување за одбрана на македонското житно поле од заканата на гарваните.


Можеби ќе ве интересира

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите