19 Декември, 2025
0.0427

Македонски наставници ќе учествуваат на светскиот образовен натпревар на Мајкрософт!

Објавено во: Мои пари 05 Март, 2014 10:07

Добивај вести на Viber

Со цел да се препознаат и наградат достигнувањата на најиновативните училишни лидери и наставници, кои на најдобар начин преку технологијата им помагаат на учениците да го остварат својот потенцијал, од  11-14 март 2014 година во Барселона  ќе се одржи глобалниот едукативен натпревар на Мајкрософт. Оваа едукативна олимпијада ќе се одржи по 9 пат, а наставниците повторно ќе се охрабрат да се развиваат професионално, да ги споделат нивните идеи и нивната работа да биде наградена. Оваа година на овој светски форум се очекуваат над 1100 учесници од 97 земји членки, и тоа над 150 владини и образовни лидери, преку 300 најдобри училишни лидери , над 250 најдобри наставници, како и многу други. Македонија на овој форум ќе ја претставуваат 3 најиновативни наставници- експерти:  Весела Богдановиќ – (овогодишен победник на државниот натпревар од вкупно 186 проекти кои конкурираа на програмата Microsoft Educator Expert ) и Дарко Талески и Софија Грабулоска (победници од претходниот Светски Форум во 2012 година). Македонија досега учествуваше на Светскиот натпревар со проектите„Бабини игри“ и „Stop Motion Animation“ – кои беа наградени на европските и светските натпревари на Мicrosoft во 2010, 2011 и 2012 год, што е показател за тоа дека и Македонија поседува високо квалитетни наставници со големи амбиции, креативност и знаења. Поранешниот министер за образование Панче Кралев е дел од комисијата на оценувачи кои ќе ги оценат најдобрите 250 селектирани проекти од 15.000 апликации.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии