26 Ноември, 2024
0.2502

Управници за личен профит, законите не ги бива, еве зошто македонските стечаи се за Гинис!

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Во Македонија се уште има отворени стечаи кои датираат уште од минатиот век..Осум стечајни постапки траат повеќе од 10 години, додека  во три фирми, стечаите се отворени уште од пред 18 години. Интеркомерц од Скопје,  Житокооп, АД Треска, Бујото, Семос Електроник, Јурис, Газела се имињата на дел од претпријатијата кои некогаш биле успешни фирми, а денес зјаат празни и имаат нерешен статус, па не ни може да се размислува за нивно рестартирање. Иако во меѓувреме беа донесени можности за електронски стечај, објавена е црна листа со директори кои намерно ги однеле фирмите во стечај и се усвоија еден куп закони со кои им се затегна работата на стечајните управници, 8-те децениски стечаи останаа нерешени и сведочат за сe уште незавршената македонска транзиција. Активни се вкупно 313 стечајни постапки Во Министерството за економија, велат дека според последните податоци, заклучно со крајот на минатата година вкупно 313 компании имале отворено стечајни постапки. Новоотворените стечаи во просек траеле 18 месеци. За долготрајноста на старите постапки, главниот проблем го лоцираат во нерешените имотно правни односи на должниците, со што нивниот имот не бил атрактивен за купување.
„Немање на  комплет докази за сопственост, неуредна или недостаток на документација, неактивност на доверителите во органите на постапката како објективни причини,но има и субјективни причини кај стечајните управници и во судовите со именување на нови судии без потребно искуство во областа на стечајот или оптовареност на судиите со други предмети од парнична или други постапки“, велат во Министерството за економија.
Стечајните управници, кои често се посочуваат како виновници за предолгото траење на постапките, решение гледаат во новите измени на Законот за стечај кои Владата веќе ги најави. Реорганизација пред стечај - невозможна мисија Новите измени на Законот за стечај предвидуваат фирмите во стечај да се затвараат за многу пократко време, но главна измена ќе биде можноста, фирмите прво да добијат план за реорганизација на бизнисот. „Привремениот стечаен управник ќе добива значителна финансиска награда која ќе биде поврзана со фиксен износ во зависност од големината на конкретниот бизнис. Така тој ќе биде мотивиран да изнајде опции да се продолжи со работа, да се обезбеди доходовност, што ќе значи и задржување на бизнисот и работните места“, најави владиниот  портпарол Александар Ѓорѓиев. Според претседателот на Комората на стечајни управници, новите измени, всушност ќе значат не само забрзано решавање на стечаите, туку и нивно квалитетно решавање. “Новина е тоа што во претстечајната постапка се остава можност самиот должник или доверителите да предложат план за реорганизација. Тоа значи репрограмирање на долговите на должникот кои се замрзнуваат во одредена фаза. Целта е да може должникот да продолжи со функционирање, затоа што после отворање на стечајна постапка знаеме дека капацитетите на должникот се обезвреднети. Со тоа, во текот на реализација на тој план ќе се овозможи враќање на долговите кон доверителите и продолжување на функционирањето на должникот и задржување на вработените на работа“вели Ацо Петров, претседател на Комора на стечајни управници. Во Македонија  речиси и да нема случај кога е направен план за реорганизација на фирмата пред истата да отиде во стечај. Многу е мал бројот на фирми пак, во кои е извршена реорганизација по завршувањето на стечајната постапка. Стечајните управници велат дека причината за таквата состојба е тоа што фирмите од социјалистичкиот систем, како прва фаза на фирми кои отишле во стечај, намерно се оштетувале до тој степен што подоцна било невозможно да проработат. Статистиката покажува дека само во 2% од фирмите во земјава кои отишле во стечај е направен план за реорганизација, додека 8% по завршување на стечајната постапка се ликвидирани. Практиката покажува дека доверителите најчесто сакаат да го наплатат долгот и затоа брзаат фирмата да се ликвидира и имотот да се впаричи а стечајните управители тоа и го оставруваат. И експертите коментираат дека во Македонија нема услови за реорганизација на компаниите, а малиот процент компании кои го пробале тој модел завршиле неславно.
“Сите тие фирми повторно завршиле во стечај, затоа што после е потешко да се заврши таа стечајна постапка. Раководните лица ги потрошиле парите, со што се создаваат нови доверители, бидејќи раководните лица се задолжувале, што е дозволено со планот за реорганизација до определен износ кредит да се земе“, објаснуваат експертите.
Како успешно завршен стечај од поновата историја се посочува постапката за Тетекс Јарн од Тетово која била завршена за шест месеци со прифатен план за реорганизација на стечајниот должник, обезбедно 100% намирување на доверителите и 60% намирување на стечајните доверители. Три закони за стечај се уште во функција? Речиси сите се согласни дека најчести причини за одолжување на стечајната постапка е самата сложеност на постапките, големиот број доверители, должници на должникот, голем број судски парнични постапки, нерешени имотно-правни односи, како и непостоење документација за сопственоста на имотот кој влегува во стечајна маса, а и недоволен интерес за негово купување. Дополнителна мака задава и тоа што стечајните постапки се водат според три важечки закони. Најстарите постапки кои траат и подолго од 10 години,се водат според Законот за присилно порамнување, стечај и ликвидација од 1989 година, и според Законот за стечај од 1997 година, додека поновите се водат според Законот за стечај од 2006 година. Стечајните управници често се посочувани како главни виновници за долгото траење на стечајните постапки Против стечајни управници имало и многу кривични пријави, но единствено бившиот стечаен управник на повеќе фирми во Македонија, Владислав Тамбурковски, беше прогласен за виновен и доби затворска казна. Тамбурковски во последните десетина години беше стечаен управник во повеќе пропаднати македонски претпријатија, како Газела, велешката топилница и ФАС 11 Октомври, а беше надлежен и за стечајот на Експорт Импорт банка. Соња Наумовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач