19 Декември, 2025
0.0364

Македонски телеком ги намалува цените за националните фиксни повици

Објавено во: Мои пари 26 Февруари, 2014 12:26

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком од 1 март ќе ги намали цените за меѓумесни повици кон сите фиксни оператори. Цената за локалните и меѓумесните повици ќе биде изедначена и наместо досегашните 3,54 денари за повици на национално ниво во нормална тарифа и 1,77 во евтина, корисниците ќе плаќаат 1,18 денари во нормална и 0,71 денар во евтина тарифа. Со ова, цената на меѓумесните ќе се изедначи со цената за локални повици, информираат од компанијата. Намалувањето на цените било овозможено со инвестицијата на Македонски Телеком во новата, модерна платформа базирана на Интернет протокол, на која беа мигрирани сите корисници. Сега, откако сите стари централи се исклучени, повиците ќе се рутираат само од една централна точка. „Веќе нема да постои разлика меѓу локалните и меѓумесните повици, сите повици во Македонија ќе бидат национални и ќе имаат иста цена кон сите фиксни оператори. Новите цени ќе важат за сите тарифни модели, освен за специјалните понуди“, информираат од Телекомот. Истовремено, намалени се и цените на повиците од фиксни кон мобилни телефони до 30% и тоа за повици кон сите мобилни оператори. Намалувањето се однесува на сите тарифни модели и пакети на услуги за приватни и деловни корисници.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка