15 Јануари, 2025
0.0248

Македонски Телеком и Т-Мобиле лидери на пазарот и во третиот квартал на 2012

Објавено во: Мои пари 08 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком АД-Скопје и Т-Мобиле Македонија ја задржаа водечката позиција на пазарот и во третиот квартал на 2012 година и покрај силното пазарно опкружување, покажуваат консолидираните финансиски резултати за третиот квартал од 2012 година. Македонски Телеком останува лидер на пазарот со пазарен удел од 73% во фиксната телефонија и 54% во делот на широкопојасен интернет, според интерните процени. Приходите од интернет и дигитална телевизија преку интернет протокол (IPTV) се зголемија за 3,0% во споредба со третиот квартал од минатата година. Фокусот на double и triple play пакетите резултираше во зголемен број на DSL корисници за 6,1% со што корисничката база на DSL достигна 167 илјади корисници на крајот од септември 2012 година. Забележителен е и голем пораст на IPTV корисници кој во споредба со септември 2011 година е поголем за 63,9% со што бројот на корисници на крајот на септември 2012 година изнесува 58 илјади. И покрај тоа што приходите од говорните услуги во фиксниот сегмент се намалија за 7,6% во споредба со истиот квартал од изминатата година, со 294 илјади корисници на крајот од септември 2012 година Македонски Телеком ја задржа својата водечка позиција.
Нето добивката за третиот квартал од 2012 година на ниво на Групација е зголемена за 21,9% во споредба со ланската година како резултат на зголемените останати оперативни приходи и расходи поради трансакцијата за купопродажба на недвижности со размена, што резултираше во нето добивка од 1,88 милијарди денари за кварталот и нето добивка од 3,65 милијарди денари за првите девет месеци од 2012 година. -Нашата стратегија за развој на сегментите на конвергирани услуги, интернет, IPTV покажа дека се движиме во вистинскиот правец. Но, решени сме да го подобриме и работењето во сегментот на говорните услуги затоа што постои простор за подобрување. Во наредниот период ќе се фокусираме на инвестиции во мрежата, што ќе овозможи услуги од новата генерација. Ќе продолжиме со фокусот на double и triple play понудата, широкопојасните услуги, проширување на оптичката мрежа, но и збогатување на содржините на IPTV услугата. Голем успех е да останеш лидер на пазарот во високо конкурентна средина, со постојан пад на цените а да го задржиш квалитетот на услугата, а нашиот план е токму тоа.“ – изјави Даниел Сас, Главен извршен директор на Македонски Телеком АД-Скопје. Интензивниот пад на цените на пазарот на мобилната телефонија предизвика намалување на приходите и во третиот квартал на 2012 година. Но и покрај силното конкурентно опкружување T-Mobilе Македонија останува лидер на пазарот на мобилната телефонија со 1.227 илјади корисници на крајот на септември 2012, односно 47,8% удел на пазарот според интерните процени.

Можеби ќе ве интересира

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE

Samsung Neo QLED и Lifestyle телевизорите добија сертификат „EyeCare Circadian“ од VDE