19 Декември, 2025
0.1380

Македонски Телеком ја надгради 4Г мрежата со нова функционалност

Објавено во: Мои пари 09 Ноември, 2015 12:46

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком ја надгради 4Г мрежата со нова функционалност наречена Агрегација на носители (Carrier Aggregation) којашто припаѓа на новата генерација на LTE напредна мрежа (LTE Advanced). Надградбата првично е направена во потесното градско подрачје на Скопје и со овој чекор на корисниците им се овозможува поголема брзина на пренос на податоци која се движи до максимални 220 Mbit/s. Поголема брзина на пренос на податоци ќе имаат оние корисници коишто поседуваат најнова генерација на паметни телефони (категорија 6) кои ја поддржуваат новата функционалност. Моментално, Македонски Телеком нуди седум модели на вакви паметни телефони во својата продажна мрежа.

Македонски Телеком како технолошки лидер на пазарот, прв ја воведе 4 Г мрежата во Македонија. Како резултат на континуираните инвестиции во инфраструктура, во моментот со 4Г мрежа се покриени 45 отсто од територијата на Република Македонија и 70 отсто од населението. Дополнително, Македонски Телеком инвестираше во значително проширување на својата 3Г мрежа со цел обезбедување на широкопојасни податочни услуги на целата територија на Република Македонија. Па така, Македонски Телеком со 3Г мрежа покрива 93 отсто од територијата и 98 отсто од населението, со што компанијата е апсолутен лидер во обезбедување на мобилни широкопојасни податочни услуги.

Активностите за проширување на 3Г и 4Г мрежата продолжуваат понатаму со цел на граѓаните да им се овозможат најновите технологии, да им се подобри квалитетот на животот и да се обезбеди најдобро корисничко искуство со најдобрата мобилна мрежа, како еден од клучните фокуси на Македонски Телеком. Во таа насока, компанијата паралелно со ширење на 3Г и 4Г мрежата ширум државата, ќе продолжи и со надградбата на новата функционалност т.н Carrier Aggregation со цел на повеќе корисници да им овозможи пристап до поголеми брзини за пренос на податоци.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка