Добивај вести на Viber
Корисниците од програмата за лојалност Мој Клуб, освен редовните поени од Т-Mobile и T-Home, ќе добиваат поени со секое купување во продавниците на партнерите на Телекомот.
На списокот на продавници, каде можат да се собираат поени се:„Тинекс“, „Космо“,Travel Solution, „Нептун“, како и продавни¬ците на Fashion Group (Okaidi, Bata, Mango, Golden Point, Geox, Timberland, Hugo Boss, Fashion ID, Giovanni Galli, Celio, Fashion&Friends, Women’s secret, Parfois, Springfield, Blanco, Bitsiani).
Собраните поени може да се користат за плаќање во која било продавница на партнерите, за нарачка на подароци од каталогот на Мој клуб или за купување уред од понудата на Т-Mobile во Доверба. Сè што треба е телефон со T-Mobile постпејд или припејд број во моментот на пазарувањето, а на каса, при плаќање сметка се врти само бесплатниот број 180 и се допира мобилниот до терминалот, појаснуваат од T-Mobile.