Македонски Телеком продолжува со раст и инвестиции и во првите шест месеци на 2025 година
Објавено во: Мои пари 31 Јули, 2025 10:44
Македонски Телеком ja заврши првата половина на 2025 година со финансиски раст и инвестиции во развојот на инфраструктурата што е клучно за дигиталната трансформација на општеството. Продолжува трендот на раст во сите сегменти, зголемување на бројот на корисници, ширење на мрежата и фокус на најдоброто корисничко искуство.
Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот од првите шест месеци од 2025 година изнесуваат 1.165 милиони денари, наспроти 721 милион денари на крајот од истиот период од минатата година. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 2,7 проценти споредено со минатата година, ането добивката бележи раст од 3,8 проценти. И приходите од продажба на крајот од првите шест месеци од 2025 година се зголемени за 0,6%.
Нашата посветеност на креирање и спроведување паметни решенија доведе до зголемување на приходите од системската ИТ интеграција за дури 56,8 проценти.
Најдобра и најбрза мрежа во Македонија
Македонски Телеком повторно ја освои престижната Ookla® награда за најдобра мрежа. Резултатите од мерењата покажаа најголема брзина на мобилната и фиксната мрежа и најдобра мобилна мрежа во првата половина на 2025 година. Супериорноста на мрежата е резултат на долгорочно и стратешко инвестирање за ширење и модернизација на мрежата и развој на нови технологии. Нашата 5G мрежа е достапна за 97% од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови во државата. Бројките го потврдуваат лидерството и во делот на оптичката инфраструктура со која покриваме 60% од домаќинствата или 354 илјади пристапи до оптика што е речиси двојно повеќе во споредба со сите останати оператори на пазарот заедно и 7,4 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.
Раст на базата на корисници и лидерство
Нашата посветеност да обезбедиме супериорно корисничко искуство донесе зголемување на бројот на корисници и лидерство во сите сегменти.
Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,9 проценти и изнесува 221,2 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,8 проценти. Во мобилните комуникации, базата на корисници е стабилна со 1,27 милиони. Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 235илјади корисници. На ТВ пазарот остануваме на лидерската позиција со удел од 37 проценти. Новата генерација дигитална телевизија – MagentaTV е одлично прифатена што донесе и раст од 7,1 проценти или 164 илјади корисници.
Со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците - Magenta Moments, достигнавме 318 000 корисници. Според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, ние сме број 1 телекомуникациски бренд во Македонија.
Зголемување на заработката по акција и на дивидендата
Успешните резултати на компанијата доведуваат и до повисока заработка по акција како и дивиденда за акционерите.
Заработката по акција за 2024 година бележи раст од 7,7%. Бруто износот на дивидендата по акција за 2024 година е зголемен за 7,7% во споредба со исплатената дивиденда по акција за 2023 година.
Ова е потврда дека нашата стратегија и технолошко визионерство одат во вистинската насока и се препознаени од корисниците.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




