31 Октомври, 2024
0.0326

Македонски Телеком продолжува со успешно работење и раст и во третиот квартал од 2024 година

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком оствари солидни финансиски резултати во првите девет месеци од 2024 година. Приходите од продажбата остануваат во пораст за 1,4 проценти споредено со истиот период минатата година, како и оперативните приходи коишто пораснаа за 0,9 проценти. Нето добивката е благо намалена за 1 процент, како и оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBIDTA) за 2,4 проценти. Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот од првите девет месеци од 2024 година изнесуваат 1,114 милиони денари.


Телеком ја има најбрзата мобилна и фиксна мрежа и најдобрата мобилна мрежа

Македонски Телеком повторно ја освои престижната Ookla® награда за најдобра мрежа. Резултатите за првата половина на годината покажаа најголема брзина на мобилната и на фиксната мрежа како и најдобар квалитет на мобилната мрежа. Постојаните вложувања во мрежната инфраструктура и најнови технологии го зајакнуваат статусот на најдобра мрежа. Остануваме лидери во покриеност со оптика и денес имаме 339 илјади пристапи до оптика, што е за 12 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година. Нашата 5G мрежа продолжува да се шири и е достапна за 93 проценти од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови.

Лидери во супериорно корисничко искуство


Продолжува трендот на зголемување на бројот на корисници. Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,8 проценти и изнесува 216,6 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,7 проценти. Во фиксната телефонија, остануваме на водечката позиција со удел на пазарот од 62,5 проценти и 233 илјади корисници.  Во мобилниот сегмент, уделот на пазарот е 47,9 проценти со стабилна база од 1,3  милиони корисници.
ПР Во третиот квартал бележиме и една година од Magenta Moments, прва дигитална програма за наградување и поволности за корисниците којашто достигна 230 илјади корисници. Остануваме број 1 во Македонија според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, што е резултат на нашата посветеност да обезбедиме врвно корисничко искуство и многу повеќе од комуникациски услуги за приватните и за деловните корисници.

Лидери на ТВ пазарот со новата телевизија MagentaTV

Во однос на ТВ пазарот и понатаму остануваме на лидерската позиција со удел од 35,3 проценти од вкупниот ТВ пазар. На крајот на првите девет месеци од годината бројот на ТВ корисници се зголеми за 4,1 проценти, со што базата на корисници достигна 155,4 илјади.  Новата дигитална телевизија – MagentaTV станува сè попопуларна поради напредните карактеристики и иновативното ТВ доживување коешто им го нуди на корисниците.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Фондацијата Др. Верица Механџиска и Зегин ги обединуваат светските и домашните експерти за аутизам и АДХД на конгрес во Скопје

Фондацијата Др. Верица Механџиска и Зегин ги обединуваат светските и домашните експерти за аутизам и АДХД на конгрес во Скопје

Dioptra Optics ексклузивно ја претстави најновата колекција на Valentino очила во Македонија

Dioptra Optics ексклузивно ја претстави најновата колекција на Valentino очила во Македонија

Конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје: „Економски потенцијал и развојни можности на Македонија“

Конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје: „Економски потенцијал и развојни можности на Македонија“

Халкбанк го одбележа Меѓународниот ден на штедењето со низа активности за поттикнување позитивни финансиски навики кај децата

Халкбанк го одбележа Меѓународниот ден на штедењето со низа активности за поттикнување позитивни финансиски навики кај децата

УНИБанка го одбележа месецот на штедење со финанскиска едукација за деца и млади

УНИБанка го одбележа месецот на штедење со финанскиска едукација за деца и млади

Гледајте 30 дена бесплатно! Откријте повеќе од 300 канали и подобреното искуство на гледање на MOVE од МТЕЛ

Гледајте 30 дена бесплатно! Откријте повеќе од 300 канали и подобреното искуство на гледање на MOVE од МТЕЛ

Ananas – Место каде можеш да купиш сè, па дури и автомобил!

Ananas – Место каде можеш да купиш сè, па дури и автомобил!

Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во „dm дрогериe маркт“: „Посакувам да постоеше Бести кога бев студентка“

Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во „dm дрогериe маркт“: „Посакувам да постоеше Бести кога бев студентка“

Елеганцијата оваа есен го носи името Dan John!

Елеганцијата оваа есен го носи името Dan John!