18 Декември, 2025
0.1214

Македонски Телеком заедно со град Скопје го започнуваат славењето на новата 2015 година

Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2014 13:01

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком и Градот Скопје се подготвени да започне одбројувањето на последните денови од 2014 година и на најдобар начин да го организираат пречекот на новата 2015. На 25 декември официјално започнува новогодишната програма која ќе понуди содржини кои ќе ги вклучат дечињата, младите и повозрасните. Настаните ќе се одвиваат во паркот Жена Борец и плоштадот Пела. На 25-ти декември, со почеток во 12 часот, во паркот Жена Борец  дружењето започнува  со креативна работилница за најмладите каде ќе им бидат обезбедени материјали за цртање на лампиони, за потоа забавата да продолжи со музичкиот настап на хорот „Злата Мегленска“ како и голем број на Ди Џеи и музички групи. И во наредните денови случувањата ќе бидат исполенти со многу музика и ќе гравитираат околу паркот Жена Борец каде најмалите ќе можат да се дружат со Златните славејчиња и да ја проследат детската програма во изведба на Театарот за деца и младинци. Во рамите на случувањата предвиден е и Новогодишен маркет каде ќе бидат поставени 11 дрвени куќички, коишто ќе бидат новогодишно украсени, а од кои ќе можат да се купат или да се пробаат печени колачиња, вина, рачно подготвена чоколада, германски вурст (колбас), топли костени, како и  5 куќарки со декоративни рачно изработени новогодишни украси. Кулминацијата на настаните ќе се случи на 31 декември со детска претстава и пристигнувањето на Дедо Мраз на плоштадот Пела, а за вечерниот пречек на 2015 година на плоштадот Пела ќе биде поставена бина каде присутните ќе ги забавуваат Дани, Маја Панчева, Ерик и Симона, Есма, Сузана Спасовска, Наум Петревски, Мустафа Имери, Даниел Кајмаковски и Куку леле, а Новата 2015 година ќе ја дочекаат со песните на Елена Ристевска. Flyer A5 V5 ALB3 Flyer A5 V5 ALB4 Flyer A5 V5 ALB5  

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка