19 Декември, 2025
0.0564

Македонските амбасади се празни кога се најпотребни

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2018 12:47

Добивај вести на Viber

Клучните македонски дипломатски претставништва се празни и немаат функционални амбасадори во најзначајниот период за лобирање на надворешната политика на земјата кога претстои. Со широка поддршка за почеток на преговори за членство од другите влади од ЕУ членките и Европската комисија, Албанија и Македонија се надеваат дека европските министри ќе се согласат на состанокоt во Луксембург, со што ќе се расчисти патот за одобрување од лидерите на ЕУ владите на самитот во четврток.

Во моментов во САД се празни и амбасадата во Вашингтон и мисијата во ОН, а празна е и амбасадата во Брисел, додека по неколку месеци без амбасадор само што се пополни амбасадорската фотелја во мисијата во ЕУ. Париз. Македонија во моментов нема ни амбасадор во Хаг, од каде што се врати Игор Поповски, а нов не е именуван.

Во моментов имено, според податоците од Министерството за надворешни работи, од вкупно 50 амбасади и мисии во светот дури во 30 нема амбасадор да ја врши функцијата, што е невидена дипломатска хаварија дури и за Македонија. Празни се амбасадите во Белград, Берн, Брисел, Букурешт, Варшава, Доха, Загреб, Каиро, Канбера, Копенхаген, Лондон, Љубљана, Мадрид, Њу Делхи, Осло, Пекинг, Подгорица, Прага, Рим, Сараево, Стокхолм, Талион, Тел Авив, Тирана, Хаг, Вашингтон, како и мисиите во ОН, во ОБСЕ и во Об3единетите нации во Женева. Во некои од нив нема ниту вршител на должност, како во Италија.

Вршител на должност нема ни во Холандија и Шведска, две влијателни земји членки на Унијата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот