18 Декември, 2025
0.0527

Македонските кроасани 4U со реномираниот сертификат за квалитет IFS го освојуваат ЕУ пазарот

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2018 06:20

Добивај вести на Viber

Покрај отворањето на нов производствен погон опремен со најсовремени машини, фабриката „Жито пром“ од Гевгелија неодамна го доби и ценетиот интернационален сертификат IFS (International Featured Standard) со кој се гарантира врвен квалитет и безбедност на храната. Станува збор за сертификат кој е воведен во 2002 година од германската, француската и италијанската трговска асоцијација и е еден од главните инструменти кој им овозможува на прозводителите да извезуваат во земјите – членки на ЕУ. Новиот погон и сертификат се врзани со производството и извозот на кроасаните 4U кои засега се продаваат во Холандија, Германија, Полска, Израел, Шведска, Италија, Грција, Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, БиХ, Бугарија и Романија. Но добивањето на IFS ќе гарантира и влез во многу други држави низ целиот свет на што постојано се работи во „Жито пром“.

IFS е развиен на две нивоа – основно и повисоко. Кроасаните 4U ја добија оценката, повисоко ниво што значи дека производот е направен според критериуми кои се сметаат за повисоки стандарди во индустријата за храна. Добивањето на сертификатот било реализирано преку DNV GL, интернационално акредитиран регистар и асоцијација за класификација чие седиште е во Норвешка.

- IFS е наменет за новиот погон во „Жито пром“ во кој се произведуваат кроасаните 4U. Со оглед на тоа дека паралелно на имплементацијата градевме и оспособувавме нов простор, истиот е поставен според барањата на стандардот. Целиот систем е насочен кон заштита на купувачите и овозможување квалитетен и безбеден производ. Тоа значи детална контрола на секоја суровина и добавувач, работење по строги правила и процедури, константно следење на процесите и водење на обемна документација со цел стандардизирање на производството, а и намалување на ризиците – објаснува Татјана Танева Новаковска од „Жито пром“.

Таа посочува дека овој тип на стандарди често се задолжителен услов од европските компании за да се воспостави соработка.

- Со оглед на тоа дека извезуваме во голем број земји, грижата за нашите купувачи е примарен фокус на нашата компанија. Дополнително, доколку се стремиме кон ЕУ не останува ништо друго освен професионално да се подготвиме за иднината што доаѓа. Трудот, енергијата и постојаните инвестиции се тие што ќе нè насочуваат кон начинот на работење на развиените европски компании – додава Танева Новаковска.

Во „Жито пром“ во моментов се работи на обезбедување уште еден сертификат, Kosher стандардот кој е особено значаен за да го зголемат извозот.

- Со овој стандард се гарантира дека храната е погодна или „чиста“ за консумирање според еврејскиот верски закон за храна кој е наведен во Тората. Законите за кошер вклучуваат опсежна легислатива што се однесува на дозволена и забранета храна во неколку аспекти како и меѓународниот стандард за општествена одговорност BSCI – истакнува менаџерскиот тим на „Жито пром“.

Фабриката во моментов брои 50 вработени. Од пред неколку месеци беше отворен и новиот погон за кроасаните 4U со што се зголеми производството. Следните планови се фокусирани на проширување на производната палета како и имплементација на стандарди за квалитет кои се бараат на други пазари надвор од Европа. 

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“