23 Јануари, 2025
0.0320

Македонско село со само двајца жители има 20.000 книги

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

На oколината на Демир Хисар, се наоѓа селото Бабино каде има само двајца постојани жители и повеќе од 20.000 книги, во библиотеката „Ал Би“, сопственост на Стево Степановски.

Оваа библиотека, за која книги семејството на Степановски собирало повеќе од 140 години, има над 400 речници, македонски правопис, книги на различни јазици кои се донесени од Истанбул, Техеран и други места. Библиотеката датира од 1.882 година, а Степановски вели дека годишно ја посетуваат околу 3.500 туристи.

„Доаѓале туристи од многу земји за да ја видат библиотеката, телевизиски куќи од Полска, Бразил и сите биле воодушевени. Странците знаат да се восхитуваат на ова што го поседуваме. За нив се интересни насловите кои ги имаме и фондот  на книги. Имаме програма и со училишта, доаѓаат ученици да ја посетат, така што имаме посетители од сите категории. Мојот дедо донесувал книги од различни краеви, во моето семејство уште во тоа време имале поизразени културни потреби, но сето тоа треба денес да се одржува“, вели Степановски.

Во библиотечниот фонд кој брои преку 20.000 наслови и друг библиотечен материјал има  весници, списанија, публикации, географски карти, завучни записи, албуми, сепарати, ЦД ромови и друго. Во фондот на библиотеката се чува првиот број на македонскиот Правопис, примерок од првото издание на македонскиот Буквар и првото издание на Нова Македонија печатено во с. Горно Врановци, како и повеќе наслови на книги за Македонија кои зборуваат за нејзината историја, народ, географија, картографија, хидрографија, етнографија, статистика, јазик, традиција, народно творештво, цркви, училишта, туѓи влијанија итн. Најголем број од книгите се од областа на историјата, книжевноста, психологијата, музичката уметност, лингвистиката и друго.

Македонските граѓани, издавачи, амбасади донираат книги за оваа библиотека.

Домашните туристи кои ја посетиле библиотеката велат дека е нешто единствено и уникатно.

„Библиотеката „Ал Би“ е дом паметник на едно минато, сегашно и идно време. Дом полн со книги, спомени од минатите времиња, вреден да се посети. Не постои вљубеник во книгите и воопшто во пишаниот збор кој ќе остане  рамнодушен при посетата на ова место каде се спојуваат минатото и иднината. Минатото вткаено во илјадниците книги, а иднината во богатството на книги, кои им ги остава сопственикот Стево на идните генерации. И после толку многу години како го посетувам ова место, секогаш во мене буди чувство како и првиот пат кога ја посетив, секогаш ме плени и восхитува со својата едноставна убавина, со духот кој низ неа провејува, со бесценетото богатство што го поседува оваа библиотека единствена во светот по многу нешта. Посебно фактот што се наоѓа во едно мало скоро целосно исселено село во Македонија“, вели Билјана Солунчевска, која често го посетува Бабино.

Фондацијата Рамковски во септември  2010 година на Степановски му ја додели наградата "Крсте Петков Мисирков" за животно дело. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

Јаневска: Пронајдени бројни неправилности кај Европскиот универзитет на Мерко

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

АХМЕТИ ДО МАКЕДОНЦИТЕ: Некој треба да оди во Бугарија, друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја?

Тримесечно бебе пронајдено починато

Тримесечно бебе пронајдено починато

ДОНИРАЈТЕ: Да му помогнеме на Марко да замине на операција во Турција

ДОНИРАЈТЕ: Да му помогнеме на Марко да замине на операција во Турција

На полицајка и „снемало“ автоматска пушка во Карпош

На полицајка и „снемало“ автоматска пушка во Карпош

СВЕДОК ВО СЛУЧАЈОТ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Се пријавил во полиција за пожарот подметнат во кафуле

СВЕДОК ВО СЛУЧАЈОТ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Се пријавил во полиција за пожарот подметнат во кафуле

НЕСПОРЕН Е ФАКТОТ ДЕКА ИМАМЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ КОЈ ЗАГИНА ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА: Митева за потребите да се купи нов авион, ги спомена ризиците

НЕСПОРЕН Е ФАКТОТ ДЕКА ИМАМЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ КОЈ ЗАГИНА ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА: Митева за потребите да се купи нов авион, ги спомена ризиците

Малолетничка тешко повредена во сообраќајна незгода во Скопје

Малолетничка тешко повредена во сообраќајна незгода во Скопје

„НА 42 ГОДИНИ, АПАСИЕВ ДИПЛОМИРАН, МАГИСТРИРАН, ДОКТОРИРАН, СТИГНАЛ ДА КУПИ КОЛА ОД 15-20 ИЛЈАДИ ЕВРА, ЗЛОБЕН НАРОД, НЕ ВОЗИ ФЕРАРИ“: Мухамеди на страната на лидерот на Левица

„НА 42 ГОДИНИ, АПАСИЕВ ДИПЛОМИРАН, МАГИСТРИРАН, ДОКТОРИРАН, СТИГНАЛ ДА КУПИ КОЛА ОД 15-20 ИЛЈАДИ ЕВРА, ЗЛОБЕН НАРОД, НЕ ВОЗИ ФЕРАРИ“: Мухамеди на страната на лидерот на Левица