Добивај вести на Viber
Макпетрол и Топлификација се договорија, парно сепак ќе има. Пред малку веста беше и официјално потврдена од Владата. Пред малку во Владата се одржала средба на челните луѓе на двете компании при што е договорено да нема застој во снабдувањето со топлинска енерегија. Ова уследи откако Макпетрол и порача на Топлификација дека од утре ќе запре со испорака на мазут и природен гас, поради неисплатен долг од околу 1,7 милиони евра, и воедно се огради од проблемите што можат да настанат поради неиспорачување на мазут и гас, енергенси на кои работи Топлификација.
- За можните последици по снабдувањето на граѓаните и стопанските субјекти со топлинска енергија ,,Макпетрол” АД Скопје нема да сноси никаква одговорност, бидејќи потегот е изнуден заради заштита на интересите на акционерите на Макпетрол АД Скопје, наведе претходно Макпетрол.
Други детали од денешната средба не се наведуваат.