03 Декември, 2024
0.0585

„Макпетрол“ организира работилница за врсничко насилство за родителите од Кисела Вода

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Родителите од Општина Кисела Вода утре (3 декември) со почеток од 18 часот ќе имаат можност да разговараат и подетално да се запознаат со проблемот со врсничкото насилство. Работилницата организирана од „Макпетрол“ ќе се одржи во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“. Ова е шестта едукативна средба наменета за родители во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас - Стоп за булинг“. Водител на настанот ќе биде популарниот актер Сашко Коцев.

За стручниот аспект на темата, пак, со родителите ќе дискутира психологот Деспина Стојановска. Во првиот дел од „Крени глас против врсничко насилство“, таа одржа работилници со ученици од над 150 училишта кои што се дел од 26 општини што се приклучија и ја поддржаа кампањата на „Макпетрол“. Ваквите едукативни средби на децата и на учениците им обезбедија можност да се стекнат со знаења за булингот. За нив, но и за нивните родители и наставници, македонската компанија испечати и достави прирачници за полесно справување со овој сериозен проблем.

Работилницата во Кисела Вода доаѓа по петте претходни вакви настани кои што „Макпетрол“ ги организира и во Карпош, Аеродром, Центар, Куманово и во Кочани, каде што учествуваа и граѓани од Виница и Берово. Родителите на овие средби не само што ги продлабочија своите познавања за врсничкото насилство, туку и отворено и конструктивно ги споделија своите искуства и разменија мислења поврзани со оваа тема. На овие средби учествуваа и членови на стручните служби на основните училишта кои од свој агол зборуваа за работата со децата во случаи на булинг.

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ со своите активности се осврнува на физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството како форми на булинг. Голем број информации за овој проблем, но и совети и искуства се достапни на вебсајтот kreniglas.mk. Интернет-страницата овозможува и секој што се соочил со врсничко насилство да ја сподели личната приказна без притоа да го открие својот идентитет. Дополнително, на сајтот има и интерактивни тестови кои што можат да се решат анонимно, а преку нив се открива дали некој бил извршител, жртва или набљудувач на случаи со булинг.

Еден од најзначајните стратешки приоритети на „Макпетрол“ е токму општествената одговорност. Едукативната кампања „Крени глас против врсничко насилство“ и нејзините најразлични активности се реализација на оваа цел. Интензивно работејќи на оваа тема, македонската компанија значително го зголеми интересот на овој сериозен проблем и помага во неговото решавање. На младите, како столб на развојот на земјата, „Макпетрол“ и во иднина ќе посвети значаен сегмент од своите општествено одговорни проекти.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Месец на подароци и празнични понуди за Телеком корисниците

Месец на подароци и празнични понуди за Телеком корисниците

НЛБ Банка со празнична понуда за потрошувачки кредити со фиксна каматна стапка од 5,3 отсто

НЛБ Банка со празнична понуда за потрошувачки кредити со фиксна каматна стапка од 5,3 отсто

ЕДИНСТВЕНО ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – ТРЕТМАН НА БЕНИГНА ХИПЕРПЛАЗИЈА НА ПРОСТАТА СО REZŪM™ WATER VAPOR THERAPY

ЕДИНСТВЕНО ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – ТРЕТМАН НА БЕНИГНА ХИПЕРПЛАЗИЈА НА ПРОСТАТА СО REZŪM™ WATER VAPOR THERAPY

A1 Македонија посакува среќна нова година со атрактивна празнична понуда за сите

A1 Македонија посакува среќна нова година со атрактивна празнична понуда за сите

Shelf Help – Нова едиција со книги за самопомош во издание на „Арс Ламина“

Shelf Help – Нова едиција со книги за самопомош во издание на „Арс Ламина“

Компанија во Македонија со уникатна понуда за вработените: Бонус за добредојде до 1.000 евра!

Компанија во Македонија со уникатна понуда за вработените: Бонус за добредојде до 1.000 евра!

Традиционална донаторска акција во Веро: Заокружи сметка за весели празници на децата од СОС Детско село

Традиционална донаторска акција во Веро: Заокружи сметка за весели празници на децата од СОС Детско село

„100% Заљубени во Sunday“ нова кампања за колачиња и десерти на Македонскиот бренд

„100% Заљубени во Sunday“ нова кампања за колачиња и десерти на Македонскиот бренд

ОКТА донираше фотоволтаична централа на градинка во Гевгелија

ОКТА донираше фотоволтаична централа на градинка во Гевгелија