„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

Објавено во: Мои пари 18 Април, 2024 12:36
Посетителите на специјализираниот интернет-портал за пребарување работни места Вработување.ком за 2023 година го прогласија „Макпетрол“ за најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании. Како резултат на стабилноста, платите што се меѓу највисоките во секторот, но и големиот број можности за професионална надградба и развој на вработените, „Макпетрол“ е избран меѓу најуспешните. Компанијата го доби ова признание на свечена манифестација организирана во чест на најуспешните работодавачи во повеќе категории.
- Нашето речиси 80-годишно присуство на пазарот е најсилната потврда за сигурноста што ја обезбедуваме за целиот тим, без разлика на позицијата. Веруваме, сепак, дека покрај стабилноста базирана на искуството, клучна причина за желбата да се биде дел од нашата организација е и грижата за вработените. Луѓето отсекогаш биле и натаму ќе бидат, носечката енергија на „Макпетрол“. Токму затоа, секогаш се обидуваме да креираме подлога и да овозможиме вработените да стекнат нови знаења, да добијат шанса да напредуваат, едноставно, да можат да ги реализираат своите замисли на професионален план. Тоа и во иднина ќе ни биде приоритет - вели Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управниот одбор и директорка за човечки ресурси и внатрешна контрола во „Макпетрол“.
Континуираниот повеќедецениски успех и задржувањето на лидерската позиција во својот пазарен сегмент е резултат на вложеноста и посветеноста на вработените. Инвестицијата во нивниот напредок, како и обезбедувањето други бенефити и натаму ќе биде од исклучително значење за компанијата. Имајќи предвид дека во 2023 година инфлацијата во Македонија беше двоцифрена, „Макпетрол“ ги зголеми платите на вработените, со цел да не се намали нивната реална вредност. Во годишниот план на компанијата за 2024 година е планирано и зголемување на бројот на вработени.
Освен повисоки плати, вработените во „Макпетрол“ во 2023 година добија и регрес за годишен одмор во нето-износ од 36.000 денари, дополнителен новогодишен бонус во нето-износ од 30.000 денари по вработен, како и распределба на дел од добивката по годишната сметка за 2022 година наменета за вработените.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
НОВОМАТИКМАКЕДОНИЈА ОДЛИЧЕН ПРИМЕР ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

ЕЛЕНА ЛУКА во Софија добитник на престижната интернационална награда BEST BUSINESS AWARD

Промотивна фиксна камата од 2,9 отсто со новиот потрошувачки кредит на Иуте

Антонио Велковски: Готвачот „Ајде да јадеме“ изобилува со вкусни и здрави посни оброци за секој ден

ЦЕФТА ја отвора вратата за раст на туристичкиот сектор во регионот

Битолчани селектираа преку 1 милион пластични шишиња и лименки во текот на 2024 година
Аnanаs повторно доминира – 7 награди на E- commerce Awards 2024!

Рокас: Одржливиот туризам значително го зголемува потенцијалот за развој на земјата

Рокот за пријавување на зелени и одржливи проекти за конкурсот ,,{ЗАЕДНО} до зелени идеи“ на dm истекува на 21 март
