14 Јануари, 2025
0.1962

Макрон ги спои Трамп и Зеленски во Париз

Објавено во: Свет 07 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Францускиот претседател Емануел Макрон како домаќин во Париз ги спои на заедничка средба новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Трилатералката се одржа непосредно пред церемонијата на повторното отворање на катедралата Нотр Дам.

Во Европа, овој потег на Макрон се оценува како позитивен дипломатски исчекор, поради стравувањата во Киев дека Трамп, кој тврди дека може да го заврши руско-украинскиот конфликт за 24 часа, би можел да ги поттикне Украинците на отстапки кон Москва.

Трамп претходно ја критикуваше американската воена помош за Украина и повика на брзо решавање на конфликтот.

„Секако се чини дека светот во моментов малку полудува. И ние ќе зборуваме за тоа“, рече Трамп кратко пред медиумите пред средбата со Макрон во Елисејската палата.

Церемонијата на отворањето на Нотр Дам привлече 40 светски лидери, меѓу кои и принцот Вилијам. На свеченоста, што вклучува молитви, органска музика и песни од катедралниот хор, ќе следи телевизиски концерт сниман претходниот ден поради лошата временска прогноза.



Можеби ќе ве интересира

МУ ДАЛА ОГРОМНА СУМА ПАРИ: Лажен Бред Пит измамил Французинка

МУ ДАЛА ОГРОМНА СУМА ПАРИ: Лажен Бред Пит измамил Французинка

ТВРДАТ ДЕКА ОВА Е НАЈДОБРОТО МЕСТО НА ЗЕМЈАТА: Полски град му нуди замок на Илон Маск

ТВРДАТ ДЕКА ОВА Е НАЈДОБРОТО МЕСТО НА ЗЕМЈАТА: Полски град му нуди замок на Илон Маск

ПРОНАЈДЕН Е МРТОВ ВО МОСКВА: Убиен е руски спортист и контраразузнавач

ПРОНАЈДЕН Е МРТОВ ВО МОСКВА: Убиен е руски спортист и контраразузнавач

ИМААТ НОВ ТОВАРЕН ДРОН: Русите го нарекоа ТРАМП

ИМААТ НОВ ТОВАРЕН ДРОН: Русите го нарекоа ТРАМП

ТЕЛОТО Е НАЈДЕНО ВО УНИШТЕНИОТ ДОМ: Холивудската актерка Дејлис Кари настрада во шумските пожари во Лос Анџелес

ТЕЛОТО Е НАЈДЕНО ВО УНИШТЕНИОТ ДОМ: Холивудската актерка Дејлис Кари настрада во шумските пожари во Лос Анџелес

„УБАВО Е И ВО ВАШАТА ТАТКОВИНА“: Мигранти во Германија добиле лажни авионски билети со ваква порака

„УБАВО Е И ВО ВАШАТА ТАТКОВИНА“: Мигранти во Германија добиле лажни авионски билети со ваква порака

РУСКИ ПРАТЕНИК: Трамп би можел да се согласи на поделба на Гренланд на неколку делови

РУСКИ ПРАТЕНИК: Трамп би можел да се согласи на поделба на Гренланд на неколку делови

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Авионите фрлаат розев прав - за каква супстанца се работи?

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Авионите фрлаат розев прав - за каква супстанца се работи?

КОЈ СТОИ ЗАД МОНСТРУОЗНИТЕ ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС?! Објавена е застрашувачка теорија!

КОЈ СТОИ ЗАД МОНСТРУОЗНИТЕ ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС?! Објавена е застрашувачка теорија!