МАКРОН ГО ТУРКА СВЕТОТ ВО ВОЈНА: Бесмислени идеи, вели Каракачанов
Објавено во: Свет 07 Март, 2024
Изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за потенцијалното распоредување сили во Украина се резултат на неговата решеност да ја врати земјата во статус што големите играчи би го сфатиле сериозно, изјави поранешниот бугарски министер за одбрана Красимир Каракачанов. Тој додаде дека тоа го турка светот во војна, пишува Спутник.
„Нискиот раст отсекогаш водел до амбиции да се покаже големина. Така беше и со Наполеон, само што беше успешен император и врховен командант. Сè е многу едноставно: никој повеќе не смета на Франција во големата игра“, рече тој, додавајќи дека француската економија е во криза поради миграцијата.
Од друга страна, додаде тој, Франција неодамна катастрофално ги загуби своите позиции во Африка, каде управуваше со своите поранешни колонии преку марионетски влади и економски ги извлекуваше нивните природни ресурси - алуминиум, нафта, гас и друго.
Поранешниот бугарски министер ја коментираше и неодамна објавената аудио снимка на која високи германски офицери разговараат за можноста за напад на Крим.
„Но, како што можете да видите, Шолц, кој отворено ги следи американските наредби во врска со војната во Украина, се спротивстави на идејата за испраќање трупи на НАТО во Украина“. Тој, исто така, барем засега ја прекина испораката на ракетите со долг дострел Таурус на Украинците. И протече снимка од плановите на Германците. Огромен скандал“, изјави Каракачанов и додаде дека луѓе како Макрон го туркаат светот во војна.
„Макрон го прави истото со своите бесмислени идеи и јасно гледа како ја губи довербата кај Французите“, заклучи тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.