Максим Димитриевски: Јас не плаќам даноци за да седите во кабинети и пеете
Објавено во: Македонија 20 Март, 2023 20:10
Верувам дека на следните избори ќе ја добиеме поддршката од граѓаните, вели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
Тој во вечерашното гостување во емисијата „10 минути“ на телевизија 21 информираше дека во тек е формирањето на граѓанското движење.
„Во тек е формирањето на граѓанското движење, очекуваме во септември, октомври тоа да се случи во Скопје и ќе ги повикаме сите граѓани. Тоа ќе биде граѓанска иницијатива/движење коешто досега не било вообичаено, ќе биде од граѓаните за граѓаните и верувам дека на следните избори ќе ја добиеме поддршката од граѓаните бидејќи ќе излеземе со реално остварливи политики и ќе ставиме крај на корупцијата и рашомонијата во државата“, рече Димитриевски.
Вели дека ДУИ владее со државата, а дел од функционерите на СДСМ се нивен привезок.
„Јас на плаќам даноци за да вие како мој претставник седите во кабинет и пеете“, рече Димитриевски.
Тој смета дека народот живее лошо и некој политичар нема мотив да пее.
Вели дека во граѓанското движење ќе има многу поддржувачи и од СДСМ, и од ВМРО-ДПМНЕ, но најголем дел ќе бидат неопределени граѓани што не се занимавале со политика и имале резултат во своето работење.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




