28 Ноември, 2024
0.0266

Макстил доби награда за најеколошка компанија во Општина Гази Баба

Објавено во: Мои пари 05 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Макстил доби награда од Општина Гази Баба како најеколошка компанија односно компанија со успешна примена на еколошки стандарди и со особен придонес кон зачувувањето на животната средина.

Доделувањето на наградата следи по општинскиот конкурс „Денови на пролетта – Денови на екологија“ каде во пет различни категории, аплицираа стопански субјекти, институции, организации и граѓани од општината, кои на каков било начин се грижат и со свои активности придонесуваат за почиста и еколошки безбедна општина.

За истакнување е дека Макстил е првата компанија во нашата држава која доби Декларација за еколошки производ за топло валан дебел лим - ДЕП (Environmental Product Declaration - EPD), а самиот процес на верификацијата беше извршен од страна на холандска сертификациска куќа согласно ISO 15804. Во текот на изминатите години Макстил направи обемни инвестиции при што покрај воведувањето на системот за менаџмент со животната средина ИСО 14001, доби и А-Интегрирана еколошка дозвола. Компанијата воведе промени во работењето со цел поголема и поефективна заштита на животната средина. Пред сѐ, врши редовно следење на емисиите на цврсти честички од двата оџаци, кои во континуитет се пониски од дозволените гранични вредности. Исто така, со примена на концептот на циркуларната економија, троската која се добива како нуспродукт при процесот на топење на старото железо во погонот Челичарница, добива примена и веќе се користи како суровина во градежната индустрија, а со тоа Макстил ја постигнува зададената цел за нула отпад.

Покрај измените во своето работење, Макстил заедно со своите вработени е еден од  редовните учесници на сите акции за раззеленување на општината и иницијатор и поддржуваш на бројни еколошки активности.

Компанијата спроведе и проект на тема „Инвестираме во нашата планета“, со кој беа опфатени сите единаесет основни училишта на територијата на општината, а учениците од четврто одделение беа едуцирани за рециклирање на создадениот отпад. 

Наградата денес беше доделена од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски на свеченост во Културниот дом „Димитар Влахов“.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од 400 дипломирани студенти на церемонијата за доделување дипломи на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ во Солун

Повеќе од 400 дипломирани студенти на церемонијата за доделување дипломи на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ во Солун

ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА